Фосилни остатоци, пештерски цркви и дом на белоглавиот орел – локалитет Пешти кај Велес

Некои го викаат македонското Колорадо, други раскажуваат секакви легенди за него, но овој локалитет именуван како Пешти, кој се наоѓа во близина на јужниот излез од Велес, крие многу повеќе од она што можеме да замислиме.

fosilni ostatoci peshterski crkvi i dom na beloglaviot orel lokalitet peshti 10

Како и секој слободен викенд и овој заедно со моите пријатели-авантуристи решивме да посетиме нова дестинација во Македонија.

Иако претходно имав слушнато занимливи стории, сепак, пред неколку дена за првпат стапнав во клисурата на реката Бабуна, општопозната како Пешти каде за вистинско чудо може да се забележи белоглавиот мршојадец, кај нас познат како белоглавиот орел, кој речиси е пред исчезнување. Но, за жал, јас немав таква среќа, па не видов ниту еден.

Пешачењето покрај реката Бабуна беше едно посебно доживувања, иако стануваше збор за самиот почеток на патешествието. Боите на есента, измешани со ноемвриското сонце и тивката природа одаваа една слика на сталоженост и можност да се спознае хармоничноста на пределот.

Посебно ми остави впечаток висечкиот мост, што неколкупати го поминав пред да го пополнам недостатокот на адреналин во себе.

View this post on Instagram

A post shared by Evgenij Houp | (Milosh) 🧭 (@evgenij.houp)

По напуштање на патчето кое беше начичкано со мали викендички, почнавме да го искачуваме првиот рид и по триесеттина минути, како повеќе навлегувавме во клисурата, така почнавме да ги забележуваме пештерските отвори. Некои беа навистина недостапни, и можеа да бидат освоени само од страна на искусни планинари и тоа со помош на опрема.

View this post on Instagram

A post shared by Evgenij Houp | (Milosh) 🧭 (@evgenij.houp)

Во краен случај стануваше збор за неколку десетици пештери, така што некои, со мал напор беа достапни и за останатите ентузијасти.  Од позначајните се Црквиче, Понор, Маркова Црква, Четири Врати, Макаровец, Топла пештера и др.

Ме фасцинира фактот што токму тука се најдени фосилни остатоци на цицачи од пред нашата ера. Благодарение на оваа информација самата посета имаше некое посебно значење за мене.

fosilni ostatoci peshterski crkvi i dom na beloglaviot orel lokalitet peshti 8

Најголемиот предизвик ми беше влегувањето во една од петте пештерски цркви. Стануваше збор за црквата Свети Никола, која е изградена пред повеќе од 600 години и каде на времето живееле монаси. Речиси уништени во пештерското устие има остатоци од фрески од некогашното подножје на црквата.

Од моите пријатели дознав дека Националниот конзерваторски центар и Народниот музеј од Велес веќе некое време се обидуваат да спасат дел од црковните остатоци.

fosilni ostatoci peshterski crkvi i dom na beloglaviot orel lokalitet peshti 5

Самата внатрешност на пештерата беше пропратена со неколку тунели, мрачни премини и еден куп измет на птици и лилјаци.

Покрај еден од рабовите на самата пештера имаше направено скали кои водеа до вториот кат од пештерата, поточно до очите преку кои се отвора еден панорамски поглед на целата клисура.

fosilni ostatoci peshterski crkvi i dom na beloglaviot orel lokalitet peshti 3

Ако сé уште го немате посетено овој локалитет и саката да се почувствувате како Индијана Џонс, тогаш Пешти е вистинскиот избор за вас и ќе ви обезбеди една незаборавна авантура.

fosilni ostatoci peshterski crkvi i dom na beloglaviot orel lokalitet peshti 6

fosilni ostatoci peshterski crkvi i dom na beloglaviot orel lokalitet peshti 6

fosilni ostatoci peshterski crkvi i dom na beloglaviot orel lokalitet peshti 6

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бев на одмор во Грција во средината на септември - Зошто ми се допадна летувањето на крајот од сезон... Единствената лоша страна на летувањето вон сезона, на крајот на септември, е тоа...
Предлог за кратко викенд патување: 5 преубави македонски села Овие пет села се само мал дел од богатата ризница на Македонија. Ги има уште мно...
5 плажи во Албанија со кристално чисто море (од кои 4 се изолирани) До една од овие плажи се стигнува само со брод, а до другите две мора да пешачит...
Каде за Први мај - 13 места за излет во природа низ Македонија Со семејството или со друштво, добра музика, вкусна храна, студени пијалаци и се...
Предлог зимска дестинација во Македонија: Нижеполе изгледа како снежна бајка Доколку сакате да се релаксирате, да уживате во топол чај со прекрасна глетка ил...
10 места низ Македонија каде може да се разладите покрај река на горештините Македонија изобилува со природни убавини, а реките и водопадите се идеално место...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg