Скриен дел од рајот - 10 причини зошто мора да ја посетите Костарика
Национален вулкански парк
Добро погледнете го времето пред да заминете во обиколка на националниот вулкански парк „Poás“, со цел да ја проверите вулканската активност. Но, доколку сте среќни, ќе завршите со фотка многу слична на оваа.
Сместување
Некои држави не може да се пофалат со многу луксузни сместувачки капацитети. Верувајте дека Костарика не е една од нив.
Плажи
Секоја плажа е во Костарика е прекрасна. Атмосферата на крајбрежјето е неверојатна, а во зависност од тоа каде ќе отидете, ќе пронајдете бел, црвен или златен песок, бесконечно многу палми и кристално чиста вода.
Кафе и чоколадо
Костарика е добро позната во светот по квалитетот на своето кафе и чоколадо. Додека сте во земјата, не само што ќе можете да ги вкусите двата производи, туку исто така ќе дознаете како се обработуваат, односно како се прават.
Турнеите за кафе и чоколадо се одличен начин да го споите забавното и едукативното. Зарем има нешто подобро од оваа комбинација?
Егзотична флора и фауна
Освен што ќе го одморите очите со бескрајно зеленило, за сите љубители на животни, Костарика е дефинитивно „Ноевата арка“.
И покрај тоа што е мала земја, Костарика е дом на 5% од светската биолошка разновидност и стотици видови животни. Ќе имате шанса да видите огромен спектар на диви животни.
(О)Милена | Црнобело