Скриен дел од рајот - 10 причини зошто мора да ја посетите Костарика
Етикетирана како „најсреќното место на земјината топка“, во Костарика ќе се почувствувате исто како дома, благодарение на локалното население кое ќе ве пречека со широка насмевка и гостопримство.
Една од најчестите изреки кои ќе ги слушнете од нив е „Pura Vida“ или „Едноставен живот“. Опуштени, безгрижни и насмеани, ќе ве воодушеви нивниот ентузијазам и неисцрпната волја и енергија за живот.
А доколку се прашувате што би правеле во Костарика, листата е навистина долга. Костарика е една од најдобрите креации на мајката природа.
Ние сепак одбравме 10 причини зошто вашето следно патување треба да биде токму на оваа локација:
Сан Хозе, главниот град на Костарика
Градот се одликува со стари шпански колонијални градби, како што е неокласичниот народен театар од Костарика, со поглед на центарот „Плаза де ла Култура“, едно од најпопуларните места за собирање.
Превкусна храна
Има навистина превкусна храна за сечиј вкус. Рибји такоси, меки кроасани со Нутела или палачинки со полнење од тропско овошје.
Преголем избор на здрава и сурова храна, многу свежи овошје и зеленчук… слатко, луто и зачинето, просто сè што ќе ви посака непцето.
Природни термални извори
„Rincon De La Vieja“ е национален парк кој се состои од топли минерални извори. Затоплени со помош на истоимениот вулкан, можете да стигнете до нив со пешачење или јавање коњи и да уживате во овој скриен дел од рајот.
Висечки мостови
Серија од шест висечки мостови во дождовната шума Монтеверде, кои изгледаат како да пловат над тропските предели.
Во зависност од временските услови може да завршите одејќи како по облаци од магла или доколку времето е побистро да забележите неколку од 1.400 видови орхидеи.
Адреналинска забава
Можете да изберете некое од повеќедневните рафтинг авантури кои ќе ве одведат низ местата каде што желките несат јајца, низ дождовни шуми, клисури и толку многу прекрасни предели што нема да посакате да ги затворите очите ниту за миг.