Топ 10 најдобри Airbnb вили на островите во Грција
Хидра - вила со панорамски поглед
Традиционално уредена куќа со една спална, која нуди неверојатен панорамски поглед од терасата кон пристаништето и далечниот Пелопонез.
Миконос - Villa Orion
Комплетно опремена вила која вклучува 5 соби, уредени карактеристично за островот, голем двор со базен и приватен бар, како и неверојатен поглед.
Парос – вила Agia Irini
Една од 9-те традиционални вили, која нуди целосна приватност, опремена со дневна соба со кауч, камин и голема кујна, како и 2 спални соби.
Крф - Moraitis Mansion
Уникатна и историска куќа со 3 соби со антички ентериер со прекрасен поглед кон стариот град, која е погодно место за големо семејство.
Санторини - Villa Anita Cliff Suite 7
Приватно двокреветно студио сместено на карпа во вила Анита, со одвоен влез, кое нуди неверојатен панорамски поглед и зајдисонце.
М. М. | Црнобело