Топ 10 најдобри Airbnb вили на островите во Грција
Во последно време, резервирањето на сместувања преку Airbnb станува сè почест случај.
Наместо да одберат хотели во кои сите се сместуваат, голем број на туристи бираат Airbnb вили и апартмани во кои се чувствуваат како локалци.
Па, кога станува збор за грчките острови, постојат неколку Airbnb сместувања кои важат за одлични.
Доколку одите на некој од овие острови, имајте ги предвид оваа листа:
Санторини - уникатна архитектонска пештерска куќа
„Пештерска“ куќа на карпа во Иа, со две спални, минималистички уредена со антички мебел и тераса со неверојатен поглед.
Миконос - SPACES 2
Прекрасна вила со 3 спални соби, блескаво бел ентериер и екстериер, со минималистички мебел, приватен базен и поглед кон Миконос.
Крит - Drossia Palms House
Традиционална куќичка во Малиа, со карактеристична архитектура за островот, со една соба, елегантно уредена и она што ретко може да се најде, камин.
Скијатос - вила со приватна плажа
Вила сместена на мирниот брег на Канапица, со 4 спални соби, ентериер и екстериер во сино-бели бои кои одлично се вклопуваат во околината, а на терасата може да уживате цел ден со поглед на море.
Евиа - вила Delenia
Огромна вила сместена стратешки каде нема да има ништо околу вас, нуди 5 спални и е идеална за големи друштва и прослави во дворот, базенот или тенискиот терен.