Парче рај на крајот од светот – отпатувајте на Андаманските острови (фото)

Андаманските Острови или Андамани се група од дури 572 островчиња во Индискиот Океан помеѓу Бенгалскиот залив на запад и Андаманското Море на исток.

Otpatuvajte-na-Andamanskite-ostrovi-01.jpg

Порт Блер е главната населба во Андаман и е административен центар на федералната територија. Бројот на жители изнесува околу 315 илјади што го прави ова место ретко населено.

Климата е типична тропска, но не е премногу жешко. Иако секогаш е топло, температурата достигнува од 23 до 30 степени, а во најголем дел од времето провејува свежо ветре од морето.

Андаманите биле користени како значајна метеоролошка точка за набљудување, што го олеснувале движењето низ Индискиот Океан.

Otpatuvajte-na-Andamanskite-ostrovi (3).jpg

Otpatuvajte-na-Andamanskite-ostrovi (10).jpg

Овие острови се дефинитивно оние за кои најмногу се зборува кога станува збор за Индискиот Океан.

А навистина има и зошто, ќе ве дочекаат бескрајни бели песочни плажи, одлични хотели и чувство на опуштеност и релаксација каква што не сте почувствувале никаде претходно.

Андаманските Острови конечно го добиваат вниманието коешто го заслужуваат.

Otpatuvajte-na-Andamanskite-ostrovi (4).jpg

Otpatuvajte-na-Andamanskite-ostrovi (7).jpg

Хотелите кои се градат во последните неколку години се „паметни“, самоодржливи еко-зданија, кои имаат цел да ѝ наштетат што е можно помалку на природата на овој блескав архипелаг.

Otpatuvajte-na-Andamanskite-ostrovi (1).jpg

Otpatuvajte-na-Andamanskite-ostrovi (8).jpg

Целосно извонредниот амбиент нуди стандардно пливање, сончање и нуркање, набљудување на магично осветлените фитопланктони додека поминувате со кајак низ водата, возење со специјален чамец со стаклено дно преку кое може да ја набљудувате флората и фауната под морската шир.

Otpatuvajte-na-Andamanskite-ostrovi (6).jpg

Otpatuvajte-na-Andamanskite-ostrovi (18).jpg

Otpatuvajte-na-Andamanskite-ostrovi (14).jpg

Otpatuvajte-na-Andamanskite-ostrovi (2).jpg

Otpatuvajte-na-Andamanskite-ostrovi (13).jpg

Летањето со падобран, пливањето со слонови (да, со слонови) во водата и уште многу други забавни активности наменети за оние кои сакаат активен одмор исполнет со многу забава и адреналин ќе ве дочекаат на ова мало парче рај на земјата. 

Otpatuvajte-na-Andamanskite-ostrovi (16).jpg

Otpatuvajte-na-Andamanskite-ostrovi (5).jpg

Otpatuvajte-na-Andamanskite-ostrovi (11).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бев на градска плажа во Дојран – Како си поминав и како се движат цените годинава? Температурата на водата е исклучително топла, но пак успеавме да се разладиме. Ц...
„Албанскиот Тајланд“ – Скриено парче рај покрај река во Албанија Кристално тиркизната вода во реката и богатата вегетација во околината, прават о...
4 европски острови кои вреди да ги посетите според Forbes: Хвар во Хрватска е на прво место Кои 4 европски острови вреди да се посетат според Forbes? Кои од нив се релативн...
Локал близу IKEA во Солун со коктел бар, плажа и детско игралиште - за со друштво или со деца (фото)... На излезот од Солун, во близина на IKEA се наоѓа Ergon Agora, уникатен локал кој...
Скриено парче рај во Хрватска – остров без автомобили, со бујна природа (фото) Автомобилите се забранети, а природата е недопрена - како изгледа ова мало парче...
10 најубави плажи на Јонските Острови во Грција Љубителите на кристално чисто море во тиркизна нијанса нема да погрешат доколку ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg