Cavo Tagoo - гламурозен ресорт на Миконос за сите хедонисти (фото)
Миконос е добро познат остров, кој се прослави со прекрасните песочни плажи, но и спектакуларните забави за млади.
Покрај тоа, овој остров има многу гламурозни хотели во кои престојуваат многу славни личности, а еден првокласен ресорт е токму Cavo Tagoo кој ги мами туристите со задоволствата и хедонистичката релаксација која има да ја понуди.
Сместен е на издигнато брдо и e составен од повеќе засебни делови, а поседува прекрасни базени со поглед кон тиркизното Егејско море од секоја соба, одличен ресторан со богат избор на храна, луксузен спа центар и совршено опремени соби.
Овој ресорт на Миконос е дефинитивно рај на земјата, посебно за сите оние кои сакаат целосно да уживаат во животот.
Погледнете како изгледа и зошто секој би сакал да престојува тука (совршените Инстаграм фотки се дел од причините):
М. М. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





