TripAdvisor ги открива најпопуларните искуства низ светот за 2018, кои не треба да ги пропуштите
Кога ќе решите да посетите некоја земја, добро е да знаете што е карактеристично за местото и што вреди да пробате, за да не го трошите времето залудно.
Токму затоа, TripAdvisor прави листа со најдобрите искуства во земјите низ светот, за кои вреди да дадете пари и да ги доживеете.
Па така, на прво место се часовите за готвење во Тоскана со купени намирници од маркет, а по тоа следи велосипедска тура низ Берлин и еднодневниот разглед на Њујорк.
Во продолжение погледнете дел од најдобрите активности кои треба да ги искусите, според корисниците на TripAdvisor:
Фиренца, Италија
Час по готвење и ручек во тосканска фарма со тура низ локален пазар од Фиренца.
Берлин, Германија
Велосипедска тура низ Берлин со туристички водич кој ги објаснува сите знаменитости.
Њујорк, САД
Тура со еднодневен разглед на градот вклучувајќи ги најважните места за посета.
Сиднеј, Австралија
Искачување на Sydney Harbour Bridge, мост од каде има прекрасен поглед на целиот град, со водич.
Рим, Италија
ВИП искуство во Ватикан – ексклузивен појадок во Ватикан со рано влегување во музејот и капелата.