16 докази дека Финска е уникатна земја - казните зависат од платите, затворениците одат во сауна
Финците обожаваат да пијат пиво и кафе, неретко и сами, и ако си го изгубите паричникот нема да се двоумат дали да ви го вратат, ќе го сторат тоа дефинитивно.
Дали сте знаеле дека во Финска децата може да слушаат диносауруси кои свират хеви метал и мажите ги влечат своите жени за да освојат пиво?
Ќе ви откриеме по што друго е позната земјата освен по илјадниците езера, Нокиа и мумиите.
Дел од интересните обележја на Финска:
Паркинг за кучиња
Во Финска постои закон со кој се регулира „паркирањето“ на кучињата во сите општини. Ако некој супермаркет нема вакво место, тогаш сопственикот може да добие казна.
Сабја за докторирање
На некои универзитети во Финска задржана е традиција кога покрај факултетска диплома добивате и специјална сабја како симболична награда за завршените студии. Иако, сабјата можно е да треба да си ја купите самите.
Земја во која се чита најмногу
Со популација со малку над 5 милиони луѓе, само во библиотеките има повеќе од 67 милиони книги, замислете плус во домашните колекции на Финците. Мали билиотеки има дури и на бензинските станици.
Интересно е што од големите библиотеки не само што можете да позајмите книги, туку можете и музички инструменти, спортска опрема, па дури и машини за шиење.
Кучиња за читање
Во светот постојат кучиња кои им помагаат на слепите луѓе да се движат безбедно, но во Финска има специјални „кучиња за читање“, кои им помагаат на децата да го совладаат тешкиот фински јазик.
Целта е децата со потешкотии при читање да се охрабрат да читаат на глас додека некој ги гледа и слуша, во случај кучето кое нема да реагира на нивните грешки. На овој начин се подобрува самодовербата на децата и тие побрзо го совладуваат читањето.
Јазикот на џуџињата
Финскиот јазик е еден од најтешките на светот, тој има дури 40 синоними за зборот „снег“ и ниту еден за „те молам“. Но, постојат многу смешни кованици како „kalsarikännit“, што значи пиење во пижами.
Англискиот автор J. R. R. Tolkien токму граматиката на финскиот јазик ја земал како основа за да го креира „јазикот на џуџињата“.
Бонус за враќање од одмор
За да ги охрабрат и мотивираат вработените, финските компании исплаќаат бонус кога личноста ќе се врати на работа по одморот.
Таму никој не ја крие висината на неговата плата затоа што со само едно јавување на специјален телефонски број можете да дознаете колку заработува соседот или кој било во државата.
Казните зависат од приходот
Големината на паричната казна во Финска директно зависи од висината на приходот на прекршителот. Колку повисока плата, толку поголема казна.
Еден од најпознатите менаџер во врвна компанија во Финска платил казна за брзо возење од 116.000 евра, што е највисоката казна од овој тип во историјата. Возел 75 km/h на место каде било дозволено 50 km/h.
Ирваси за транспорт на полицијата
Во некои земји се користат коњи за транспорт во полицијата, но во студената Финска чуварите на законот се превезувани од ирваси.
Но, ова во најголем дел се прави со рекламна цел, односно привлекување туристи во северните делови од земјата.