Во Данска нема планини, во Финска има 188.000 езера: 12 факти за Скандинавија
Дали некогаш сте сонувале да ги посетите илјадниците езера во Финска или неверојатните планински реони во Норвешка?
Скандинавските земји се мистични, имаат неверојатна природа и одлично развиена економија.
Начинот на живот таму отсекогаш бил интригантен за целиот свет.
Некои интересни факти за Скандинавските земји:
Норвешка
- За време на поларните ноќи сонцето во некои делови на Норвешка грее само по три часа на ден, а во некои дури и воопшто.
- Норвешка е земја во која живеат најголем број на ирваси.
- Две третини од Норвешка се планински предел.
Данска
- Данска нема планини. Највисокиот „рид“ им е 170 метри.
- Иноваторот на ЛЕГО коцките го започнал проектот од 1932 година. Не е чудно што во Данска е најголемиот ЛЕГО тематски парк.
Исланд
- Жителите на Исланд се светски рекордери во консумирање на Кока Кола.
- Околу 80% од нацијата не го исклучува постоењето на џуџиња и тролови. Дури ги заобиколуваат местата каде што мислат дека живеат овие магични суштества.
- Во Рејкјавик, главниот град на Исланд, има тротоари кои се загреваат со геотермална енергија во зима, се топи снегот и жителите може слободно да се движат по нив.
Шведска
- Швеѓаните се вистински иноватори. Оттаму потекнуваат патентот, фрижидерот, маусот за компјутерот и низа други изуми. Се разбира, и IKEA.
- Шведска е третата најголема земја во Европската Унија, а втората најмалку населена (23.5 луѓе на километар квадратен).
Финска
- Финците се опседнати со сауните и има околу 2.2 милиони сауни во државата (по една на 2.5 човек). Тврдат дека ги измислиле сауните (но истото го тврдат и Швеѓаните).
- Во Финска има повеќе од 188.000 езера и 98.000 острови.
Прочитајте уште интересни факти за Скандинавија!
С. С. | Црнобело