Топ 5 најубави базени во светот според Инстаграм (фото)
Ова е период кога сите почнуваат да размислуваат на плажа и почнуваат да планираат летни одмори, иако може да се каже дека се далеку.
Но сепак, тука се викендите, а многумина знаат да ги искористат за „пролетно разладување“.
Да не заборавиме на Инстаграм блогерките кои постојано објавуваат фотки од нивните патувања по светот и уживањата покрај прекрасни базени со неверојатен поглед.
Па така, според Инстаграм корисниците, одбрани се топ 5 базени во светот кои се сметаат за најубави.
Погледнете кои се тие и замислете се на еден од нив:
San Alfonso del Mar Algarrobo – Чиле
Ако некогаш сте се запрашале кој е најголемиот и најдлабокиот базен, ова е токму тој и се наоѓа во Чиле. Долг е 1 km, а длабок 35 метри.
Marina Bay Sands Resort – Сингапур
Водена тераса со панорамски поглед на град – совршено опуштање на кровот на Sky Park. Базенот кој се наоѓа на 57-ми кат е прогласен за „најфотографиран на Инстаграм“.
Huvafen Fushi Resort – Малдиви
Овој прекрасен „infinity“ базен изгледа магично на зајдисонце и важи за еден од најромантичните.
Belmond Hotel Caruso – Италија
Ова е веројатно еден од базените кој ни е најдостапен, па доколку имате шанса, не пропуштајте да уживате покрај базен опкружен со рушевини и поглед кон Средоземно море.
Blue Lagoon – Исланд
Oва можеби не е класичен базен, но ако планирате патување во Исланд, не смее да го пропуштите ова геотермално езеро, со светло сина боја на вода, богата со алги со козметички и освежувачки моќи.
М. М. | Црнобело