Оптички илузии кои може да ги посетите во живо на различни места низ светот
Луѓето многу сакаат да се предизвикуваат себеси со оптички илузии, но тоа не значи дека тие мора да се само на интернет.
Покрај фотките кои создаваат оптичка илузија и кружат по социјалните мрежи, постојаи и реални, кои всушност може да ги посетите.
Природни локации, музеи и туристички атракции кои може да си поиграат со вашиот ум и очи.
Низ светот постојат повеќе такви места кои создаваат вистинска оптичка илузија, а ние ви претставуваме дел од нив, кои можеби некогаш ќе ги посетите:
Yangzhou Zhongshuge - Јангџоу, Кина
Библиотека со црн огледален под и заоблечи полици, заради што се создава илузија дека овој „тунел“ е бесконечен.
Camera Obscura и свет на илузии – Единбург, Шкотска
Речиси секоја изложба во овој музеј е посветена на оптичките илузии и може да се најдат интересни работи кои ќе си поиграат со вашиот ум, но ќе направите одлична фотка!
Pedra do Telégrafo – Рио де Жанеиро, Бразил
Луѓето овде прават фотки како да си го ризикуваат животот, но всушност се на само 1 метар од земја, па ако добро се наместите, ќе изгледа како да сте на врвот на карпа над океанот.
Езерото Sørvágsvatn - Фарските Острови, Данска
Најголемото езеро на Фарските Острови изгледа како да е сместено високо над океанот, но всушност така изгледа само на фотки направени од овој агол.
Magowan's Infinite Mirror Maze – Сан Франциско, Калифорнија
Овој лавиринт е вистински предизвик, со оглед на тоа што е веројатно единственото место каде може да се најдете себеси на две места истовремено, благодарение на поставеноста и својствата на огледалата, а посетителите може да поминат часови обидувајќи се да излезат од него, „удирајќи“ се во своите рефлексии.
Rakotzbrücke – Габленц, Германија
Овој мост е изграден во 19-ти век, а името (ѓаволски мост) го добил по верувањето во легенда дека ваквите опасни мостови биле изградени од ѓаволот.
Сепак тоа е обичен мост, кој во денови кога водата е мирна, заради рефлексијата, создава изглед на совршен круг кој изгледа како да води некаде.
SLS Hotel & Casino – Лас Вегас, Невада
Внатрешноста и ентериерот во ова казино е однесено на ново ниво, со огромниот екран над барот со преку милион ЛЕД светла, заради што секоја слика „добива живот“ и изгледа реално.
Electric Brae – Еаршир, Шкотска
Овој мистериозен пат во Шкотска создава оптичка илузија за секој кој ќе дојде на него – на сите им личи дека патот оди нагоре, а всушност оди надолу.
М. М. | Црнобело