7 светилници на Јадранското крајбрежје во коишто може да престојувате ова лето

Доколку сакате ова лето да го поминете во романтичен одмор далеку од градската бучава и да уживате во морето, сонцето и прекрасниот поглед, тогаш треба да размислите за летување и престој во некој од светилниците на Јадранското крајбрежје.

7-svetilnici-na-Jadranskoto-krajbrezje-vo-koi-moze-da-prestojuvate-01.jpg

Поголемиот дел од светилниците имаат и големи тераси на коишто ќе можете да уживате додека читате и го пиете вашиот омилен пијалак, како и приватни плажи на коишто ќе можете безгрижно да се сончате или да си направите забава со вашите најблиски.

Погледнете ги најубавите светилници по брегот на Јадранското Море кои може да се изнајмат за престој ова лето:

Коромачно, Лабин

Овој светилник има голема тераса, неверојатен поглед, приватна плажа на само десет метри од него, камена куќа за престој и модерно уреден простор, доволно голем за дружење или одмор за 8 души.

7-svetilnici-na-Jadranskoto-krajbrezje-vo-koi-moze-da-prestojuvate (1).jpg

7-svetilnici-na-Jadranskoto-krajbrezje-vo-koi-moze-da-prestojuvate (2).jpg

Гребени, Дубровник

Изграден во 1872 година, овој светилник е сместен на островот Гребени којшто се наоѓа во близина на Дубровник и е вистинска оаза на мирот, односно место за уживање во сонцето и синото море. Прекрасната тераса за сончање и приватната плажа се причина зошто многумина ја бираат оваа локација за одмор.

7-svetilnici-na-Jadranskoto-krajbrezje-vo-koi-moze-da-prestojuvate (3).jpg

7-svetilnici-na-Jadranskoto-krajbrezje-vo-koi-moze-da-prestojuvate (4).jpg

Медулин

Ова е романтично и луксузно место кое нуди малку поразличен летен одмор. Се наоѓа на 25 метри од морето, сместен е далеку од погледите на љубопитните минувачи и нуди многу дополнителни содржини за своите гости.

7-svetilnici-na-Jadranskoto-krajbrezje-vo-koi-moze-da-prestojuvate (5).jpg

7-svetilnici-na-Jadranskoto-krajbrezje-vo-koi-moze-da-prestojuvate (6).jpg

Хвар

Прекрасната природа, прекрасната градина и убаво уредениот простор за 8 луѓе се одлична причина да посакате да го посетите островот Хвар и да уживате во авантуристичкиот одмор.

7-svetilnici-na-Jadranskoto-krajbrezje-vo-koi-moze-da-prestojuvate (7).jpg

7-svetilnici-na-Jadranskoto-krajbrezje-vo-koi-moze-da-prestojuvate (8).jpg

Островот Вела Сестрица

На овој светилник, навистина ќе добиете впечаток како да се наоѓате во книгата Робинзон Крусо, најмногу затоа што самата положба и изгледот на светилникот потсетуваат на авантура која се одвива на пуст остров. Светилникот е изграден во 1876 година и има поглед кон Корнати и кон отвореното море.

7-svetilnici-na-Jadranskoto-krajbrezje-vo-koi-moze-da-prestojuvate (9).jpg

7-svetilnici-na-Jadranskoto-krajbrezje-vo-koi-moze-da-prestojuvate (10).jpg

Корчула

Светилникот сместен на Корчула е преуреден во вистинска оаза на мирот во којашто ќе можете да уживате како во надворешниот базен со џакузи, така и во надворешната трпезарија, па и во возењето со брод или џет-ски.

7-svetilnici-na-Jadranskoto-krajbrezje-vo-koi-moze-da-prestojuvate (11).jpg

7-svetilnici-na-Jadranskoto-krajbrezje-vo-koi-moze-da-prestojuvate (12).jpg

Макарска

Светилникот Св. Петар се наоѓа на самиот влез во Макарска и е опкружен со камена тераса. Оддалечен е од морето само десетина метри, а обиколен е со прекрасен полуостров, кристално бистро море, зелени оази со дрвја во заднината и прекрасни плажи.

7-svetilnici-na-Jadranskoto-krajbrezje-vo-koi-moze-da-prestojuvate (13).jpg

7-svetilnici-na-Jadranskoto-krajbrezje-vo-koi-moze-da-prestojuvate (14).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бев на одмор во Грција во средината на септември - Зошто ми се допадна летувањето на крајот од сезон... Единствената лоша страна на летувањето вон сезона, на крајот на септември, е тоа...
10 најубави плажи на Јонските Острови во Грција Љубителите на кристално чисто море во тиркизна нијанса нема да погрешат доколку ...
Европски пролетни дестинации со евтини летови од Скопје Брисел, Франкфурт, Милано... Каде сакате да одите оваа пролет? Брисел, Франкф...
Што можете да правите во Фиренца оваа есен? Видете го најпознатиот мост во Италија, восхитувајте се на уникатната готска кат...
Кафе и лежалка 4 евра, гиро 4 евра – Како се движат цените на плажа во Неи Пори во 2024? По празникот Духовден и споениот викенд, туристите во Неи Пори велат дека веќе г...
Плажата која ги победи Малдиви за „најсино море“ се наоѓа во Албанија - на 270km од Скопје Чиста тиркизна вода, волшебен поглед, светол песок... Плажата на огледалата (Pas...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg