Село во Индонезија комплетно обоено во боите на виножитото (фото)
Од улиците до куќи, во ова мало село сè е обоено во ведри бои и зрачи со позитивност.
Прекрасните ведри бои, во кои е обоено, го прават селото Јодипан во Индонезија вистинска дестинација за туристите.
Во ова село, кое се наоѓа на брегот од река има лоши услови за живот, па група млади ентузијасти одлучиле да го разубават секојдневието на селаните со комплетно бојадисување на куќите и улиците во боите на виножитото.
Локалните артисти со мала финансиска помош успеале да направат вистинска магија. Секој агол од Јодипан зрачи со креативност.
Со помош на чадори, традиционални детали и балони, таму направиле прекрасна атмосфера:
С. С. | Црнобело