Кокино - локација на која честопати ѝ се навраќаш

Постојат толку многу места низ Македонија кои содржат природна убавина и богата историја, но Кокино е едно од ретките кое одново и одново ме тера да го посетувам.

kokino-lokacija-na-koja-cestopati-i-se-navrakjash-001.jpg

Не знам, можеби дека живеам во Куманово, па оддалеченоста од 35 километри не ми претставува потешкотија за да тркнам и да се напојам со енергија. 

Мегалитската опсерваторија која се наоѓа во општината Старо Нагоричане едно неделно попладне заедно со уште неколку пријатели не примами повторно да ја посетиме. Возбудени што се впуштивме во уште една авантура се одвезовме до „Татиќев камен“ со надморска височина од 1030 метри и се изненадивме кога забележивме човек кој наплаќа карти.

Целата слика не ми беше веродостојна, но веќе подолго време Кумановскиот музеј вовел систем за наплата на билети и тоа 30 денари за деца, 60 денари за домашни гости и 120 денари за странци.

На крај, тоа и не е толку важно кога ќе се сетиш дека за време на бронзената доба жителите на оваа територија изведувале разновидни обреди. Големиот број на артефакти откриени на највисокиот дел од локацијата, како и на северната падина на ридот откриваат многу нешта за Кокино.

Кога пред неколку години се информирав за опсерваторијата открив дека при археолошките истражувања се откриени јами и кружни камени конструкции кои служеле за изведување на обреди. Како што дознав, обредите биле поврзани со култот на плодноста и со Големата Богинка – Мајка, која во тоа време се идентификувала како планински карпест врв.

 

Keep close to nature heart. And break clear away, once in a while, and climb a mountain or spend a week in the woods. Wash your spirit clean. ______________________ #whereeveryougo #adventureisoutthere #tirol #welivetoexplore #creearth #goprooftheday #wanderlust #exploretocreate #macedonia #exploremountain #инстаграмџии #iamtb

A post shared by Evgenij Houp (@evgenij.houp) on

Тука мора да додадам дека Големата Богинка се сметала за олицетворение на растот, плодноста на земјиштето и нешто што ги хранело самите животни и луѓе. И токму таму се најдени еден куп керамички садови, рачни мелници за житарки, тегови, камени секири, калапи за лиење.

Тоа всушност биле дарови носени од луѓето, зошто карпите имале вулканско потекло, па пукнатините биле доживувани како спроводници до срцевината на Големата Богинка. По закопувањето на предметите, луѓето очекувале дека претстојната сезона ќе ги закити со плодови и среќа.

Сигурно дента имаше дваесеттина посетители одеднаш. Оптегнати под сонцето, добив желба да се одделам од останатите и сам да ги истражам  платформите. Пред многу векови, а и ден денес сонцето било сметано за божество, поточно го гледале како син на Големата Богинка и за нив претставувало сила, светлина, моќ и топлина.

Поставеноста на опсерваторијата е во правец запад – исток и со помош на претходни истражувања ги открив соодветните маркери низ кои се набљудувале изгревите на сонцето за време на летната долгоденица и зимската краткоденица, како и оние пролетни и есенски рамноденици.

Баш преку овие поединости луѓето кои живееле на овој простор знаеле дека во ист ден означен на календарот, истата месечева фаза се појавувала на исто место на пространиот хоризонт на секое 19 години.

Да бидеме на јасно, да се осознаат сите поединости за Кокино, мора да се случи на лице место и изведено од страна на стручно лице, инаку на друг начин многу тешко можат да се разобличи мистеријата што е надвисната над оваа опсерваторија.

kokino lokacija na koja cestopati i se navrakjash 4

Пред заминување, откако поседовме добри два часа и се напивме по неколку лименки пиво се надоврзав на една постара група посетители кои ми рекоа дека во минатото луѓето патувале и по неколку дена пешки за да ги извршат ритуалите.

Додека се возевме во автомобилот, почувствував некаква носталгија и без да го тргнам погледот од карпите преку кои се следело времето и сезоните си мечтаев за тамошниот живот и суштината на нивното постоење.

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бев на градска плажа во Дојран – Како си поминав и како се движат цените годинава? Температурата на водата е исклучително топла, но пак успеавме да се разладиме. Ц...
Предлог за кратко викенд патување: 5 преубави македонски села Овие пет села се само мал дел од богатата ризница на Македонија. Ги има уште мно...
5 плажи во Албанија со кристално чисто море (од кои 4 се изолирани) До една од овие плажи се стигнува само со брод, а до другите две мора да пешачит...
Каде за Први мај - 13 места за излет во природа низ Македонија Со семејството или со друштво, добра музика, вкусна храна, студени пијалаци и се...
10 места низ Македонија каде може да се разладите покрај река на горештините Македонија изобилува со природни убавини, а реките и водопадите се идеално место...
Скриени места во Европа што вреди да се посетат (пред сите да дознаат за нив) Ако сте од оние луѓе на кои им пречи метежот на познатите дестинации, тогаш овие...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg