12 причини зошто Амстердам е уникатен град кој вреди да се посети
Зависност од велосипеди
Според статистиките, во Амстердам има повеќе велосипеди отколку луѓе, а речиси 80% од транспортот во градот се базира на велосипед.
На тој начин луѓето живеат здрав живот и не ја загадуваат околината!
Библиотека на аеродром
На аеродромот во Амстедрам има библиотека, па патниците кои имаат многу време помеѓу летови, можат да се релаксираат со читање книга.
„Ловење велосипеди“
Во Амстердам секоја година градските служби вадат по околу 15.000 велосипеди од каналите кои се фрлени во нив од различни причини – или поради традицијата да се фрлаат стари велосипеди или се фрлени од хулигани.
https://www.youtube.com/watch?v=IFAIzp9MCkg
Катна гаража за велосипеди
Немојте да се чудите ако во Амстердам сретнете катна гаража полна со велосипеди, токму поради тоа што го споменавме претходно – таму сите возат велосипед, па очекувано е градот да биде снабден со добри паркинг места за нив.
Жителите се љубители на кафе
Жителите на Амстердам се на топ листата за консумација на кафе, па не пропуштајте да уживате во шолја кафе во овој град.
Пушењето е дозволено, но не секаде
Иако градот е познат по тоа што некои супстанци се дозволени, сепак има рестрикции како за нив, така и за обичните цигари на јавни места.
Токму затоа, во Амстердам постојат посебни локали „coffee shops“ каде е дозволено пушењето, бидејќи тоа не се прифаќа секаде на улиците низ градот.
М. М. | Црнобело