12 причини зошто Амстердам е уникатен град кој вреди да се посети
Амстердам важи за еден од најубавите градови во Европа и ретко кој не сака да го посети, па дури и да живее таму.
Познат е по каналите низ градот, грижата на населението за околината и природата и прекрасните места за прошетка.
Но, тоа не е сè што го прави овој град посебен и има многу работи кои можеби не сте ги знаеле.
Неодамна имавте можност да видите зошто земјите во Скандинавија се толку посебни, а сега го вртиме фокусот кон Холандија.
Причини заради кои Амстердам е уникатен град кој вреди да се посети:
Зона без wi-fi
Амстердам е целосно покриен и обезбеден со wi-fi, па за оние на кои им е смачено од седење на телефон, има и зони без интернет.
На таквите места луѓето можат целосно да се опуштат и да уживаат без да „се заборават“ од гледање во телефон.
Спасувачи за „удавени“ работи во каналите
Во Амстердам има посебна единица која ги вади автомобилите од каналите. Секако, тоа ретко се случува, но сепак е можно бидејќи на повеќето места нема огради.
Невообичаени барови
Во Амстердам има „Hangover“ бар кој е наменет за оние кои имале бурна вечер и сакаат да се ослободат од трагите на алкохол.
Совршено место за оние кои на враќање од клуб сакаат да почувствуваат топлина и згрижување како да се дома.
Неочекувани промени на времето
Вообичаено, во Амстердам нема многу ниски температури во зима, но оваа година, после 5 години, температурите беа толку ниски, што каналите беа замрзнати и можеше да се лизга.
Заоблени домови
Амстердам исто така се нарекува и „кралство на криви домови“, а една од причинат заради која се верува дека се такви, е меката земја на која градот е изграден.
Брод за мачки
Покрај каналите во Амстердам постои брод за мачки, каде се згрижени сите животинчиња кои се бездомници, а нивното живеалиште може и да го посетите.