Норилск - рускиот град каде денот е ноќ, а ноќта е ден (фото)

Норилск е руски град лоциран во областа Краснојарски крај, федерална покраина во Русија, каде административен центар е градот Краснојарск, третиот најголем град во Сибир.

norilsk-gradot-kade-denot-e-nok-a-nokta-e-den-2.jpg

Овој град е најсеверниот во Арктичкиот круг, со постојана популација од 175.000 жители, односно 220.000 заедно со привремените.

„Деновите на ноќ - ноќите на ден“ е фото-проект на фотографката Елена Чернишова, која добила финансии од фондацијата Лагардер за да направи фото-сторија токму во Норилск.

norilsk-gradot-kade-denot-e-nok-a-nokta-e-den-3.jpg

Во градот основни дејности се рударството и металургијата, а фабриките ги граделе затворениците од Гулаг – работнички затворски логор на СССР, од времето на Сталин, кој постоел и во ерата по него.

Општо познато е дека во овие логори биле затворени и ситни криминалци, но и политички и воени злосторници.

norilsk-gradot-kade-denot-e-nok-a-nokta-e-den-4.jpg

Поради концентрацијата на тешка индустрија, овој град, заедно со жителите, денеска е затворен за надворешни посетители. Сепак, се чини дека мештаните веќе сосема се прилагодиле на екстремната клима, еколошката катастрофа и изолацијата.

Норилск е седмиот најзагаден град во светот. Реките буквално се црвени поради испуштањето на отпадот од металопреработувачката индустрија. Просечната температура е -10 степени Целзиусови, а најниска измерена е -55 степени, во зима, кога цели осум недели во градот е ноќ.

norilsk-gradot-kade-denot-e-nok-a-nokta-e-den-5.jpg

Условите за живеење вооптшо не одговараат на просечните потреби дефинирани со човековите права, но овие луѓе сепак се адаптирале на состојбата.

Во градот има училишта, вонучилишни активности, научни истражувања, индустрија, редовен јавен превоз и активен ноќен живот.

norilsk-gradot-kade-denot-e-nok-a-nokta-e-den-6.jpg

Како сето тоа изгледа преку објективот на Чернишова, погледнете на фотографиите:

С. У. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Есенската идила на Маврово и Бистра, со овци и златести полјани (фото) Распослани златести полјани, спокој и стадо овци... Есенски сцени кои ќе ве инсп...
Уличната уметност и шармантните мурали низ улиците на Брисел Сакам да ве прашам нешто. Дали сте љубители на улична уметност?  Сакам д...
Локал близу IKEA во Солун со коктел бар, плажа и детско игралиште - за со друштво или со деца (фото)... На излезот од Солун, во близина на IKEA се наоѓа Ergon Agora, уникатен локал кој...
Скриено парче рај во Хрватска – остров без автомобили, со бујна природа (фото) Автомобилите се забранети, а природата е недопрена - како изгледа ова мало парче...
10 причини да го посетите грчкиот остров Крф Богата историја со многу знаменитости, архитектура во венецијански стил која ќе ...
Ова е Македонија: Караџица е како сцена од есенска бајка (фото) Караџица периодов е обоена во најубавите есенски тонови и буквално изгледа како ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg