Напуштени локации во Берлин кои се предизвик за туристите

Берлин секогаш знае да ме изненади и да ми овозможи поразлично доживување на секојдневието. 

napushteni-lokacii-vo-berlin-koi-se-predizvik-za-turistite-01.jpg

Германската престолнина која е синоним за деноноќни забави во себе крие голем број на напуштени објекти, кои ги заведуваат посетителите да ги посетат.

Од детски болници, урнисани супермаркети и проколнати хотели, па сè до мистериозни детски градинки, заборавени казина и еден куп опустошени фабрики.

Во продолжение следува листа на напуштени локали во Берлин кои претставуваат магнет за авантуристи и љубопитни минувачи:

Темпелхоф

Мајката на сите напуштени аеродроми. Откако во мај 2010 година локацијата доби статус на слободен простор, Темпелхоф стана место за пикник, возење велосипеди и скејтборди, наминуваат и многу јога ентузијасти, хипстери и секако туристи.

 napusteni lokacii vo berlin koi gi privlekuvaat turistite 9

napusteni lokacii vo berlin koi gi privlekuvaat turistite 4

Санаториумот Елизабет

Изграден пред сто години со намена за згрижување на болни од туберкулоза, после децении и децении успешно функционирање, денеска санаториумот Елизабет претставува мрачен исечок од Берлин. Простор за вистинските љубители на хорор приказни и ѕиркачи. 

napusteni lokacii vo berlin koi gi privlekuvaat turistite 7

napusteni lokacii vo berlin koi gi privlekuvaat turistite 6

Фабриката Рудерсдорф  

Напуштана од 1999 година, некогашната хемиска фабрика е вистински апокалиптичен пример. Низ сивите ходници сè уште се чувствува присуство на некогашните работници. Морничаво, колку и примамливо за храбрите.  

napusteni lokacii vo berlin koi gi privlekuvaat turistite 5

napusteni lokacii vo berlin koi gi privlekuvaat turistite 8

Шпрeепарк

За момент ќе помислите дека се наоѓате во Паркот Јура. Напуштениот забавен парк ќе ја потхрани вашата фантазија, соочувајќи ве со огромни диносауруси и распаднати ролеркостери.

napusteni lokacii vo berlin koi gi privlekuvaat turistite 10

napusteni lokacii vo berlin koi gi privlekuvaat turistite 3

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Морничави замоци низ Европа кои се верува дека се „опседнати“ (и можете да ги посетите) Натприродни појави, сенки, морничави гласови – ова се само дел од работите што н...
Безброј светилки, многу тезги со храна и подароци: Брисел е волшебен во празничната сезона И оваа година, божиќниот маркет во Брисел е сместен во самото срце на градот, и ...
Уличната уметност и шармантните мурали низ улиците на Брисел Сакам да ве прашам нешто. Дали сте љубители на улична уметност?  Сакам д...
Места во Македонија кои ми недостигаат: Селото во кое израснав, манастирот кој ми носи мир Кога подолго време не живееш во родната земја често ќе се најдеш во ситуацијата ...
Паролдо: Вошебно италијанско село во кое се верува дека живеат вештерки (фото) Паролдо има околу 230 жители, а постојат легенди дека во волшебното село живееле...
Фото-прошетка низ Котор - црногорски град во кој посетителите секогаш се враќаат Црногорски град на прекрасното јадранско крајбрежје, Котор е местото кое не смее...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg