Забавни полицајци, реално шоу со мачки: 10 факти зошто Исланд е најкул земја во светот
Исланѓаните на температури под нулата постојано се капат во геотермалните бањи на отворено, а дури и бебињата во количка во зима ги оставаат да поспијат на отворено.
Исланд е позната како најбезбедната држава во светот, а жителите таму дефинитивно размислуваат надвор од кутијата.
Покрај тоа што имаат можност да уживаат во глетката на Поларната светлина, Исланѓаните имаат и некои навистина фасцинантни навики, па затоа Исланд е една од најкул земјите во светот.
Дел до интересните навики на Исланѓаните:
Веруваат во џуџиња
Тие веруваат во џуџиња, но и во низа други суштества од митологијата. Кога ќе се појави виножито, можете да слушнете како Исланѓаните велат дека џуџињата го пуштиле.
Поранешен член на парламентот тврдел дека џуџињата му го спасиле животот нему и на неговото семејство во сообраќајна незгода. Напредокот во Исланд оди рака под рака со верувањето во натприродните сили.
Се капат надвор дури и во зима
Не грижете се, тоа не им го загрозува здравјето затоа што го прават во топла вода од некој од многуте геотермални извори во Исланд. Топлите реки и базени се одличен начин на забава, дури и на ниски температури.
Замислете капење во топла вода и гледање на поларната светлина и ѕвездите.
Сеното го пакуваат на забавен начин
Земјоделците сеното го обвиваат во пластични обвивки во бела, зелена, розова, па дури и црна боја.
На овој начин тоа издржува подолго, а возачите на автопатите покрај полињата уживаат во глетката.
Ги оставаат бебињата да поспијат надвор, дури и во зима
Ова можеби изгледа застрашувачки за родителите во Македонија, но за родителите на Исланд е сосема нормално.
Тие веруваат дека спиењето надвор е добро за здравјето на бебето, па често може да видите колички со бебиња оставени пред кафулиња и продавници, дури и во зима. Се разбира, тие бебиња не се напуштени, родителите ги набљудуваат преку стаклото.
Имаат најпријателски припадници на полицијата
Полицајците во Исланд имаат позабавен Инстаграм профил дури и од најпознатите светски блогерки.
Од смешни селфиња до позирање со плишани играчки и шеќерна волна, тие имаат одлична смисла за хумор и си минуваат прекрасни работни денови во најбезбедната земја на светот.