Забавни полицајци, реално шоу со мачки: 10 факти зошто Исланд е најкул земја во светот
Доставуваат писма без наведено точно име и адреса
Дали сте посакале некогаш да испратите разгледница на некој пријател, но не сте ја знаеле адресата? Па, во Исланд можете да го сторите тоа само со рачно нацртана мапа на пликот.
Писмото на фотографијата долу пристигна до семејството до кое беше испратено.
Прават проверка на специјална апликација пред да се состануваат со некого
Исланд е дом на помалку од 330.000 луѓе, па поради малиот број на жители лесно може на некоја семејна вечера да ја видите личноста со која сте биле на романтичен состанок изминатата ноќ.
Затоа исландските инженери измислиле специјална апликација на која можете да видите дали вашиот потенцијален партнер ви е некој далечен роднина. Во неа има база на информации од последните 1.000 години.
Слоганот на апликацијата е креативен, како и самата апликација: „Bump the app before you bump in bed“.
Со креативност ја спасуваат планетата
Еден исландски студент измислил шише за вода од специјални биоразградливи материјали. Тоа си ја задржува формата сè додека внатре има вода, но штом се испразни почнува само да се распаѓа.
Студентот тврди дека шишето е направено од 100% природни материјали и водата од него е безбедна за пиење.
Го забавуваат сообраќајот со оптички илузии
Со ова генијално решение тие прават возачите да бидат внимателни, а пешаците да се забавуваат додека минуваат улица.
3Д пешачкиот премин во едно рибарско гратче во Исланд го намали бројот на сообраќајните незгоди.
Имаат реално ТВ шоу со мачки
Замислете, животот на мачките во една куќа секој ден се прикажува во живо на телевизија. Тешко ви е да поверувате дека некој го гледа ова реално шоу, зарем не?
Но, во Исланд тоа е многу гледано затоа што луѓето се заморени од негативните вести од светот и иритирачките ТВ програми, па гледањето на мачки ги смирува и ги прави среќни.
С. С. | Црнобело