Зошто сите блогери за патување на Инстаграм се сликаат на истите места?
Сите уживаме да ги „листаме“ патувачките фотографии на Инстаграм од далечни дестинации, но некогаш сигурно сте се запрашале – зошто баш сите блогери се сликаат на истите места и локации?
Патувачки инфлуенсери кои имаат време и пари да го прошетаат цел свет, а тие сепак ги одбираат „клише“ дестинациите и местата – која е тајната?
Дел од причината е едноставна – бидејќи чекирањето на локација како Ајфеловата кула или под Статуата на слободата им гарантира многу лајкови и нови следбеници.
Многу патувачки блогери имаат платени спонзорства чија цена расте право пропорционално со нивниот број на следбеници, па посетата на клише места им овозможува да допрат поблиску до нив.
Некои дестинации и места едноставно се магнет за лајкови и блогерите го знаат тоа, па затоа нивните фотки изгледаат вака:
М. Д. | Црнобело