Кафулето Les Deux Magots во Париз - синоним за литература и уметнички живот

Секогаш кога одам во Париз се соочувам со едно необично чувство кое ми овозможува да почувствувам еден дел од уметници што некогаш престојувале во метрополата

kafuleto-les-deus-magots-vo-pariz-sinomin-za-literatura-i-umetnicki-zivot-2-1.jpg

Додека пешачам низ некој арондисман, еден вид на притаена енергија се прилепува за мене, та си замислувам како го гледам Пруст на мостот Луј-Филип или кога еднаш поминав на улицата 17 Rue Beautreillis покрај зградата каде што починал Џим Морисон, како да го наслушнав неговото пригушено пеење од затворените прозорци.

Често се случуваат необјасниви работи, та цело време ме тераат да се моткам низ локали каде што визионерските умови некогаш престојувале.

Едно сончево, но ветровито утро, заталкан низ градот поминав покрај кафулето Les Deux Magots, сместено во квартот Saint-Germain-des-Prés. Името од некаде ми беше познато, знаев дека во неколку наврати имам читано за него.

kafuleto-les-deus-magots-vo-pariz-sinomin-za-literatura-i-umetnicki-zivot-2-2.jpg

Штом се напикав во внатрешноста на локалот, избегнувајќи ги размуабетените гости се сетив дека на времето Les Deux Magots претставувало збирно место на книжевната и интелектуална елита. Симон де Бовоар и Жан-Пол Сартр, заедно со уметници надреалисти редовно наминувале во кафулето на по некоја дискусија и пијалок.

Освен нив и Хемингвеј често престојувал во локалот. За момент рацете ми се стресоа кога од ранецот ја извадив книгата Сонцето одново изгрева, присеќавајќи се дека самиот Хемингвеј кафулето го имаше искористено во приказната.

kafuleto les deus magots vo pariz sinomin za literatura i umetnicki zivot 1

Додека нарачував пијалок од келнерот дознав дека локалот бил отворен во 1812 година на 23 Rue de Buci, но во 1873 година бил преместен во дистриктот Saint-Germain-des-Prés. Двете статуи што се дел од кафулето ги засведочуваат неговите почетоци и првите кораци кон градење на историско и уметничко место во Париз.

Благодарение на артистичкиот локал во 1933 година се појавила Prix des Deux Magots, една од најпрестижните литературни награди во Франција.    

kafuleto les deus magots vo pariz sinomin za literatura i umetnicki zivot 7

Седнав во најосветлениот агол во просторијата, потрпен на кожните фотелји со црвена боја си нарачав капучино, наслушувајќи француски шансони на тивко попуштените звучници. Книгата ставена на масата ми предизвика задоволство и почувствував како нобеловецот Хемингвеј отспротива седи и ми го чита текстот.

kafuleto les deus magots vo pariz sinomin za literatura i umetnicki zivot 4

Можеби поминав час-два во Les Deux Magots, кое во денешно време претставува туристичка атракција, а ретко може да се налета на книжевници како некогаш. Вознесен од самата атмосфера, како се оддалечував од местото на својот грб го чувствуваш погледот на Алберт Ками, Џејмс Џојс и Пабло Пикасо, како ми дошепнуваат некогаш повторно да наминам тука.

kafuleto-les-deus-magots-vo-pariz-sinomin-za-literatura-i-umetnicki-zivot-2-3.jpg

kafuleto-les-deus-magots-vo-pariz-sinomin-za-literatura-i-umetnicki-zivot-2-4.jpg

kafuleto-les-deus-magots-vo-pariz-sinomin-za-literatura-i-umetnicki-zivot-2-5.jpg

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Морничави замоци низ Европа кои се верува дека се „опседнати“ (и можете да ги посетите) Натприродни појави, сенки, морничави гласови – ова се само дел од работите што н...
Уличната уметност и шармантните мурали низ улиците на Брисел Сакам да ве прашам нешто. Дали сте љубители на улична уметност?  Сакам д...
Бев на градска плажа во Дојран – Како си поминав и како се движат цените годинава? Температурата на водата е исклучително топла, но пак успеавме да се разладиме. Ц...
Безброј светилки, многу тезги со храна и подароци: Брисел е волшебен во празничната сезона И оваа година, божиќниот маркет во Брисел е сместен во самото срце на градот, и ...
„Албанскиот Тајланд“ – Скриено парче рај покрај река во Албанија Кристално тиркизната вода во реката и богатата вегетација во околината, прават о...
7 причини зошто уште веднаш да се спакувате и да го посетите Лисабон Ќе се вратите низ времето со ретро трамвајот број 28, но и ќе ги вкусите најдобр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg