Помалку посетена и од Македонија, земја во Европа која е апсолутно прекрасна и треба да ја видите барем еднаш

Микронацијата која живее на простор од само 61,1 km2 е најдобар доказ дека големината нема никаква врска со привлечноста.

Pomalku-posetena-od-Makedonija-zemja-vo-Evropa-koja-e-prekrasna-01.jpg

Постојат навидум бесконечен број дестинации и атракции за посета низ Европа. Од Ајфеловата кула во Париз до кривата кула во Пиза па сè до швајцарските Алпи, туристите можат да поминат неколку месеци низ Европа и никогаш да не видат целосно сè.

Ова е прилично добро објаснување зошто прекрасното Сан Марино е на списокот на најмалку посетените земји во Европа во 2016 и 2017 година, според Светската туристичка организација на Обединетите нации (UNWTO).

Лоциран во северноцентрална Италија, Сан Марино е познат по живописните планински пејзажи и неговите три средновековни тврдини.

Доколку се решите да го посетите Сан Марино, може да се прошетате покрај блиските плажи (кои технички ѝ припаѓаат на Италија) или низ градскиот центар кој дише со историја, пред да нурнете во чинијата со свежи тестенини, печено месо и вина од локалните лозја.

Со површина од само 61,6 квадратни километри и околу 30.000 жители, Сан Марино е една од најмалите земји во светот. До неа може да се стигне со брз воз или со автомобил преку северните делови на Италија.

Овој бисер на Апенинскиот полуостров има да понуди навистина многу атракции:

Жичарницата која ги пренесува посетителите во историскиот градски центар до планината Титан

Pomalku-posetena-od-Makedonija-zemja-vo-Evropa-koja-e-prekrasna (1).jpg

Погледот од тврдината кон средновековното село Сан Марино

Pomalku-posetena-od-Makedonija-zemja-vo-Evropa-koja-e-prekrasna (2).jpg

Сан Марино е особено прекрасен за време на зимската сезона со снегот што ги покрива црвените покриви

Pomalku-posetena-od-Makedonija-zemja-vo-Evropa-koja-e-prekrasna (3).jpg

Базиликата Минор дел Санто, црква од 19 век, изградена врз основа на катедралата од 5 век

Pomalku-posetena-od-Makedonija-zemja-vo-Evropa-koja-e-prekrasna (4).jpg

Ла Гуита е главната тврдина и воедно најстарата која датира од 11 век

Pomalku-posetena-od-Makedonija-zemja-vo-Evropa-koja-e-prekrasna (11).jpg

Воздушен поглед на Ла Гуита кој ја прикажува внатрешноста на тврдината

Pomalku-posetena-od-Makedonija-zemja-vo-Evropa-koja-e-prekrasna (13).jpg

Палацо Публико е неоготски плоштад кој е идеално место за прошетка

Pomalku-posetena-od-Makedonija-zemja-vo-Evropa-koja-e-prekrasna (6).jpg

Кулата Гуита која била користена како затвор до 1975 година, според Lonely Planet

Pomalku-posetena-od-Makedonija-zemja-vo-Evropa-koja-e-prekrasna (7).jpg

Малиот плоштад Гарибалди кој е дел од необичниот шарм на градот

Pomalku-posetena-od-Makedonija-zemja-vo-Evropa-koja-e-prekrasna (8).jpg

Втората кула која се нарекува Цеста или Фрата

Pomalku-posetena-od-Makedonija-zemja-vo-Evropa-koja-e-prekrasna (9).jpg

Статуата на слободата создадена од Стефано Галети во 1876 година

Pomalku-posetena-od-Makedonija-zemja-vo-Evropa-koja-e-prekrasna (10).jpg

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Уличната уметност и шармантните мурали низ улиците на Брисел Сакам да ве прашам нешто. Дали сте љубители на улична уметност?  Сакам д...
Топ 10 плажи во Италија за оние кои сакаат филмски одмор Плажа помеѓу карпи, во шармантни италијански градови или под брдести селца со гр...
Ненеци, народ кој живее „на работ на светот“: Јадат месо од ирваси, преживуваат и на -50°C Секое семејство има по еден ирвас „домашен миленик“. А ирвасите им нудат на Нене...
Српска блогерка споделува: Колку пари се потребни за посета на спомениците низ Истанбул? За посета на Аја Софија ќе ви требаат 25 евра, за Токапи палатата 45... Колку па...
Морничави замоци низ Европа кои се верува дека се „опседнати“ (и можете да ги посетите) Натприродни појави, сенки, морничави гласови – ова се само дел од работите што н...
Фото-прошетка низ најголемата природна цветна градина во светот – има над 150 милиони цвеќиња, се на... Секоја нова сезона ја отвора вратата за свежи и возбудливи теми во „Miracle Gard...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg