Приказна за Бојан Стекиќ и неговата автостоп авантура од Србија до Кина

Постојат луѓе кои имаат доволно време, многу желба и храброст, а минимален буџет, па во слични ситуации одлучуваат да се впуштат во автостоп авантура. Токму таков пример е фотографот Бојан Стекиќ од Србија, кој преку Романија, Молдавија, Украина, Белорусија, Русија и Монголија има стигнато до Кина и тоа за 73 дена.

prikazna-za-bojan-stekic-i-negovata-avtostop-avantura-od-srbija-do-kina-01.jpg

„Автостоп ми доаѓа како најевтино и најдобро решение“, кажува Бојан. „Имам цело лето на располагање, тргнувам каде што сакам и патувам со месеци. Се движам пополека, никаде не брзам. По пат можам да видам сè и се задржувам онолку колку што јас сакам. Не внимавам на датуми или авионски карти. Едноставно кога почувствувам дека на некое место сум доволно долго, тогаш го земам својот ранец и продолжувам понатаму“.

prikazna-za-bojan-stekic-i-negovata-avtostop-avantura-od-srbija-do-kina-02.jpg

Луѓе, фотографии, книги, филмови и мечти се неговата мотивација за да патува. Понекогаш доволно е да слушне само еден збор за некоја дестинација и веднаш  да одлучи да ја посети. Најчесто така и прави. И токму тогаш донесените одлуки се најдобри.

 

A post shared by Bojan Stekić (@bojanstekic) on

„Ми се има случено да гледам во google maps и да размислувам каде би било добро да одам“, раскажува Бојан за начинот на кој ги избира државите кои сака да ги посети.

„Кога патуваш со автостоп не размислуваш само за една дестинација, држава или град, туку за сите оние места низ кои треба да поминеш. Плановите често се менуваат, а понекогаш и ги нема. Можат да се прилагодуваат и според луѓето кои ме превезуваат. Отстапки се чести и спонтани, и тоа ми се допаѓа“.

 

A post shared by Bojan Stekić (@bojanstekic) on

На неговите патувања Бојан има доживеано многу интересни моменти. Еден од таквите е кога кампувал покрај едно езеро во Белорусија, а во близина често поминувале лосови. Иако знаел дека можат да нападнат човек, сепак не се плашел. Ги слушал покрај брегот, во шумата, но никогаш не ги видел зошто добро се криеле.   

 

A post shared by Bojan Stekić (@bojanstekic) on

 

A post shared by Bojan Stekić (@bojanstekic) on

„Она што го научив од патувањата е да го почитуваш сè она што го имаш, дури и тоа да е топол оброк. Да бидеш среќен, да спознаеш нешто што некој друг немал прилика за тоа, да создадеш пријателства со луѓе од сите краеви на светот“, се изјаснува младиот авантурист кој во јули планира да ја посети Сирија, да види низ што поминуваат луѓето таму, да фотографира и ако може да помогне на некој начин.

Ако тоа не се реализира, тогаш Африка и Јужна Америка нема да му побегнат.

Автор: Евгениј Хоуп | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бев на одмор во Грција во средината на септември - Зошто ми се допадна летувањето на крајот од сезон... Единствената лоша страна на летувањето вон сезона, на крајот на септември, е тоа...
Предлог за кратко викенд патување: 5 преубави македонски села Овие пет села се само мал дел од богатата ризница на Македонија. Ги има уште мно...
Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на ... Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и...
5 плажи во Албанија со кристално чисто море (од кои 4 се изолирани) До една од овие плажи се стигнува само со брод, а до другите две мора да пешачит...
Топ 15 божиќни пазари во Европа за 2024 како од бајка – кога да ги посетите? Божиќниот пазар во Будимпешта е избран за најдобар за 2024 кој ќе вреди да го по...
Скриени места во Европа што вреди да се посетат (пред сите да дознаат за нив) Ако сте од оние луѓе на кои им пречи метежот на познатите дестинации, тогаш овие...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg