Од Сибир до Бангладеш: 14 најопасни патишта на светот (фото)
Jalalabad Road – Кабул
Овој кривулест пат води на талибанска територија и сместен е на карпести планини, каде нема жители. Тесен со низа нервозни возачи од Кабул, Авганистан, тој го носи епитетот „најопасниот пат на светот“.
Bangladesh Railways, Бангладеш
Огромна толпа народ и возење дури и на покривите од возовите е стандардна глетка во многу населениот Бангладеш. Ова е навистина ризичен начин на транспорт.
Слетување на Антарктикот
Најстуденото место на планетата нема вистински писти. Слетувањето на мраз е навистина тешко, но на тоа додадете дека не сте сигурни дали мразот ќе ја издржи тежината на авионот и ситуацијата станува сериозна. Ако нема пукање на мразот, тогаш може да дојде до заглавување во снегот.
The James W. Dalton Highway – Аљаска
Познат и како Alaska 11 Highway овој пат во Аљаска е еден од најпредизвикувачките на светот. Долг е 666 километри, има само 3 бензински станици и речиси воопшто жители по пат. Студените ветришта и снежните наноси знаат да го искомплицираат патувањето по него.
Vitim River Bridge - Сибир
Опасниот тесен мост на Сибир едвај собира автомобил и на него нема ограда. Долг е 570 метри и постојано се смрзнува. Минувањето на лизгавиот мост на едно од најстудените места на планетата е вистински предизвик.
Mumbai Local Trains - Индија
Железничката мрежа во Индија е една од најголемите и најактивни мрежи на светот. Низ Мумбаи на овој начин секој ден циркулираат 7.6 милиони луѓе и тоа знае да биде вистинска авантура.
Zoji La Pass, Индија
Овој пат живот значи за жителите на местото Ladakh бидејќи ги поврзува со остатокот од светот. 9 километри долгиот стрмен планински пат е на 3.528 метри вистина и од едната страна има карпи, а од другата провалија.
С. С. | Црнобело