Од Сибир до Бангладеш: 14 најопасни патишта на светот (фото)
Претоварени железнички линии, кратки писти и карпести тесни патишта, транспортот низ светот понекогаш знае да биде вистинска авантура.
Авантурите го прават животот забавен, а овие патишта се поим за возбуда.
Патувања по железничка пруга, воздух или асфалт кои се случуваат еднаш и се паметат засекогаш:
The Maeklong Railway, Тајланд
Воз минува среде азиски пазар неколку пати на ден. Како се доближува возот целата толпа се трга на страна од шините. Ова е најбавниот воз во Тајланд со 30 км/час.
The Death Railway, Тајланд
Овие шини во Тајланд минуваат низ густа шума и стрмни планини. Направени се во Втората светска војна под водство на Јапонците. Името „The Death Railway“ оваа железничка линија го добила затоа што 90.000 работници и повеќе од 12.000 затвореници загинале при изградбата.
Gisborne Airport, Нов Зеланд
Ретко кој аеродром на светот има писта среде која минува воз. Контролата на летање со контролата на возовите постојано се во контакт за да се спречат незгоди, но сепак понекогаш се гледа како им се вкрстуваат патиштата на авиони и возови.
Guoliang Tunnel Road, Кина
Овој пат минува низ планина и направен е од 13 лојални селани во 1970-тите. Изгледа како тунел и е еден од најпознатите патишта на светот. Дури и неговото име во превод значи „Пат што не толерира грешки“.
Saba Airport — холандскиот карипски остров Саба
Сместен е 45 километри јужно од Sint Maarten островот, во склоп на Холандија. Има писта од само 400 метри и е навистина тежок за слетување. Само една грешка може да биде фатална.
Tren a las Nubes, Аргентина
Железничката станица која ја поврзува Аргентина со границата на Чиле минува низ Андите и е на 4.220 метри над морското ниво. Таа е 5-тата највисока железничка станица на светот.
Chennai-Rameshwaram Railways, Индија
Железничката станица стара 103 години е заштитена како културно наследство на УНЕСКО. Кога минувате по неа, односно по мостот долг 2.065 метри, ќе гледате само километри морска шир од двете страни.