10 причини да ја посетите прекрасната Холандија
Историја на уметност
Секоја доба од историјата на Холандија е обележана со револуционерна уметност, а Холандија продуцираше импресивен број светски ликовни уметници, како што се Рембрант и Винсент ван Гог.
Повеќето поголеми холандски градови имаат најмалку еден музеј посветен на историјата на уметноста.
Музичка сцена
Повеќе или помалку секој музички жанр е добро застапен во холандските граници. Тие се домаќини на илјадници врвни фестивали, концерти и свирки секоја година.
Градовите како Ротердам, Амстердам и Утрехт имаат исклучително силни врски со меѓународната музичка сцена и имаат многу светски познати локации за настапување, како Tivoli Vredenburg, WORM и Paradiso.
Гауда и Ајдамер
Овие кремасти златни деликатеси се познати ширум светот,а потекнуваат од холандските фарми што ги има ширум целата земја.
Двата вида се лесно достапни во Холандија, но во некои холандски градови има и специјализирани пазари за сирење.
Лалиња и цвеќарството
Холанѓаните со векови произведуваат милиони шарени лалиња секоја година. Овие убави цвеќиња се одгледуваат на фармите на холандското крајбрежје. Во полн ек се во средината на мај.
Поради високата побарувачка за лалиња, постојат стотици продавници и пазари во Холандија посветени на холандската цвеќарска култура, како што е познатиот цветен пазар во Амстердам.
Добри вибрации
Поради различни социо-економски причини, Холандија редовно се вбројува меѓу најдобрите места за живеење во светот, а нејзините државјани за еден од најсреќните народи на светот.
Иако посетителите на Холандија можеби нема да можат да ја доживеат целосната слика за ова, сепак овој факт дополнително ја прави Холандија атрактивна дестинација за туристите.
С. С. | Црнобело