10 причини да ја посетите прекрасната Холандија
Магични ветерници, напредна технологија, недогледни полиња со лалиња... Холандија изгледа како одлична дестинација, зарем не?
Да се пронајде изговор за да се посети Холандија навистина не е тешко благодарение на шармот на нацијата, прекрасните села и врвните историски локации.
Но, за дополнителна мотивација, направивме една листа зошто вашето следно патување треба да биде токму таму:
Урбан велосипедизам
Кога станува збор за урбаниот велосипедизам Холандија е водечка на листата. Речиси сите градови имаат одлични патеки за велосипедисти.
Рурален велосипедизам
Таму навистина е лесно да пронајдете живописни патчиња во селата, совршени за со велосипед.
Всушност, оваа форма на транспорт е најчеста во националните паркови во Холанидија како што се: Dunes of Texel, Hoge Veluwe и Zuid-Kennemerland.
Ветерници
Покрај нивниот иконски статус како симбол на Холандија, ветерниците во историјата навистина служеле за сушење на мочуриштата во оваа земја.
Постојат илјадници ветерници, а некои од нив се заштитени како културно наследство.
Неверојатна напредна технологија
Околу една третина од државата се наоѓа под нивото на морето, па справувањето со водата отсекогаш било проблем на Холандија.
За да се справат со овој уникатен проблем, Холанѓаните издигнале цели територии над морето, вклучувајќи цела провинција наречена Flevoland, и изградиле гигантски морски ѕидини, како што се делтата на Zeeland, кои се вклучени меѓу Седумте чуда на модерниот свет.
Заштитната бариера од бури Oosterscheldedam во Холандија е меѓу најголемите во светот.
Канали
Пред велосипедите да настапат на сцената, во Холандија во минато каналите биле главен начин за транспорт. Овие импресивни водени патишта на трговците им овозможувале брзо да ја однесат стоката до урбаните центри и имаат важна историска улога.
Иконскиот канал во Амстердам е заштитен од УНЕСКО како културно наследство.