Топ 10 дестинации за патување во 2018 според Lonely Planet
Никогаш не ни е доста од патување и од предлози за нови светски дестинации.
Ако сте од оние кои се љубители на патувањето, сигурно секогаш ви значат нови идеи и сакате да истражувате нови места.
Па, доколку немате идеја за патување, Lonely Planet „пресуди“ и одбра топ 10 дестинации за патување во 2018.
Погледнете кои се тие и испланирајте го вашето следно патување:
Чиле
Латиноамериканска држава која можеби е далечна и тешко достапна дестинација, но доколку имате можност, не пропуштајте да ги видите убавините кои ги нуди - спектакуларни пејзажи, прекрасни национални паркови, бројни леднички езера, водопади и богат животински свет.
Јужна Кореја
Сеул, главниот град на Јужна Кореја е познат по неверојатната архитектура и нуди огромен избор на прекрасни музеи. Најнова атракција е „High Line“ импресивен парк направен на стар автопат кој е претворен во зелена оаза со клупи, кафулиња, библиотеки и места за одмор.
Португалија
За оваа земја и за причините заради кои треба да ја посетите сме зборувале и претходно. Има одлична клима, прекрасна природа и уште многу други убавини кои ги нуди, а не смее да се пропуштат.
Џибути
Се наоѓа во Источна Африка и претставува егзотична дивина која привлекува голем број туристи. Филмски пустини, неверојатни плажи и нуркање со ајкули – кој би одолеал?
Нов Зеланд
Спектакуларна природа која ќе ви го одземе здивот. За сите оние кои сакаат авантура која ќе ја паметат долго, Нов Зеланд е вистински рај во кој ќе уживате.