Како настанал и како се живее на најнаселениот остров на светот Санта Круз дел Излоте?

Овој остров има големина како на два фудбалски терена, не постојат патишта и семејствата живеат во непосредна близина едни до други.

kako nastanal i kako se zivee na najnaseleniot ostrov na svetot santa kruz del izolte 01

Кога фотографот Чарли Кордеро првпат слушнал за малиот, интензивно населен остров Санта Круз дел Изолте, кој се наоѓа на два часа возење од брегот на Колумбија, бил воодушевен.

Луѓето кои пронаоѓаат начин да живеат во тешка животна средина отсекогаш го фасцинирале. Овој зафрлен остров има ограничен пристап до вода, храна и струја, но 45 семејства сè уште живеат во 97 куќи на 12.000 метри квадратни земјиште.

Тоа е дури четирипати поинтензивна населеност отколку на Менхетен.

Кордеро вели дека приказната како островот станал олку населен е како бајка:

Пред 150 години Санта Круз дел Изолте бил мал, ненаселен остров со мало земјиште среде Карипското Море. Рибарите од Картагена, кои работеле во овој дел, го користеле ова место за одмор и заштита при бурите.

Островот се наоѓа во област со многу океански корал, кој е одличен за риболов, така што местото станало привлечно место за луѓето да дојдат и да изградат домови.

Семејствата изградиле куќи едни до други, па следеле нови бракови, деца итн. Доаѓале да живеат и риболоват и ги носеле своите сестри, братучеди, тетки.

Во градбата првите населени луѓе употребувале многу природни материјали како школки, песок, стебла од околните острови, па дури го користеле и ѓубрето.

kako nastanal i kako se zivee na najnaseleniot ostrov na svetot santa kruz del izolte 02

Еден ден плимата донела цементен крст („cruz“ на шпански“), првите доселеници го зеле и го ставиле во центарот на островот и така тој го добил името Санта Круз дел Излоте.

Приказната е магична, но животот таму е тежок затоа што покрај риболовот, останатите производи мора да се носат со брод од копното.

Нема начин да се произведе вода за пиење, па колумбиската морнарица носи вода на островот, но кога не може да го стори тоа, жителите користат буриња за да фатат дождовна вода за пиење и капење.

На островот има само основно училиште, па за понатамошно образование децата мора да патуваат до копното. Но многу момчиња остануваат со семејствата и одлучуваат да се занимаваат со риболов.

На островот нема место за гробишта, па починатите се закопуваат на соседните острови.

Кордеро сѐ уште е на островот и сака да ги улови апсолутно сите нивни навики, па сега го чека прославувањето на Божиќ.

Тој вели дека овој остров го воодушевува и му изгледа како излезен од книга на Габриел Гарсија Маркес:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Плажи на Кипар што вреди да се посетат (и што треба да знаете за нив) Кои се најпосетените плажи на Кипар, а за кои малкумина знаат? Во продолжение из...
5 плажи во Албанија со кристално чисто море (од кои 4 се изолирани) До една од овие плажи се стигнува само со брод, а до другите две мора да пешачит...
Предлог за кратко викенд патување: 5 преубави македонски села Овие пет села се само мал дел од богатата ризница на Македонија. Ги има уште мно...
Неколку причини зошто да го посетите Бледското Езеро во Словенија Во средината на езерото е сместена црквата „Успение на Богородица“ каде посетите...
Каде за Први мај - 13 места за излет во природа низ Македонија Со семејството или со друштво, добра музика, вкусна храна, студени пијалаци и се...
Гари, Зрзе - Шест преубави македонски села кои треба да ги посетите Зовиќ, Гари, Ореше - сте ги посетиле ли овие наши преубави села? Ако не, време е...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg