Топ 5 хотели во Европа – спој на историја и луксуз
Историјата на Европа е многу богата, но не само кога станува збор за места и знаменитости кои треба да се посетат.
Низ земјите на овој прекрасен континент има раскошни хотели каде се спојуваат историјата и луксузот и се поразлични од сите останати модерни места за престојување.
Тие нудат посебно искуство кое ретко каде може да се доживее, но секако чини многу.
Па, ако планирате авантура низ Европа, вреди барем да ги посетите овие хотели со богата историја.
Hotel Alfonso XIII, Севилја
Ова ремек дело датира уште од 1929-та година, лоциран е во срцето на Севилја и има голем избор на соби.
Ресторанот во хотелот нуди шпански специјалитети од специјален кувар, а бранчот во недела е познат како еден од најдобрите во градот.
Grand Hotel Tremezzo, езеро Комо
На вашето следно патување во Италија, почувствувајте го шармот на Езерото Комо.
Тука е сместен овој хотел кој е изграден во 1910-та година и служел како воена болница за време на Првата светска војна.
Сега, фамилијарниот хотел нуди неверојатен поглед, а може да се пофали со 3 прекрасни базени, а еден од нив плови во езерото.
Cliveden House, Таплоу
Поранешниот имот на семејството Астор кој е стар повеќе од 350 години е место кое мора да го посетите ако се наоѓате во Англија.
Се наоѓа на 50km од Лондон, а ресторанот нуди неверојатно колекција на вино во комбинација со превкусна храна.
Со спа центарот, посебните третмани, внатрешните и надворешните базени и класичната уметност, овој хотел нуди елегантен престој во кој секој би уживал.
Chateau Du Grand Lucé, Le Grand Luce
Секој љубител на архитектурата ќе ужива во посетата на ова неокласично богатство кое датира од 18-ти век и оригинално било наменето за летна палата.
Со текот на годините, тука се организирале многу големи свадби и прослави, а може да се забележи и зошто.
Овој хотел со неверојатни градини и ентериер кој дава чувство како да се стапнале во историјата се наоѓа на само 2 часа од Париз.
Hotel Sacher Vienna, Виена
Ганди, Кралицата Елизабета и претседателот Кенеди се само дел од гостите на овој моќен хотел во Виена.
Основан е во 1976-та година од Едуард Захер, а храната е трајно наследство на имотот.
Овде е домот на познатата захерторта, чоколадната торта со кајсии, која датира од времето на таткото на Едуард, Франц.
Се наоѓа во централниот дел на градот и нуди неверојатен престој во главниот град на Австрија.
М. М. | Црнобело