14 европски дестинации кои го заслужуваат вашето внимание и посета
Скриени бисери, ете токму така се опишани овие 14 места низ Европа за кои сигурно ќе резервирате билет наскоро. Доколку сакате да ги избегнете сите стандардни локации како Лондон, Рим или Париз и сте подготвени за нешто ново и возбудливо, а зборот авантура ви одѕвонува во ушите, време е за ново патување.
Предупредување: очекувајте спомени за цел живот и многу срца на Инстаграм. Каде би сакале да отпатувате наскоро? Ние имаме 14 одлични идеи:
Хвар, Хрватска
Без премногу напор, Хвар одлично ги комбинира раскошната медитеранска природа и богатото историско и културно наследство. Градот процветал за време на Средниот век и бил особено важно место за Венецијанската империја.
Денес, Хвар нуди одлична заразна атмосфера на одмор и забава и е една од омилените дестинации на далматинската ривиера.
Бурано, Италија
Доколку некогаш посакате да видите еднакво интересно место како Венеција, Бурано е сосема прекрасна соодветна замена. Бурано ќе ве остави со чувство на пријатна слатка збунетост поради куќите.
Од белата кула до темнозелените канали, секаде каде што ќе се завртите ќе видите глетка која го одзема здивот.
Кравице, Босна и Херцеговина
Водопадите во БиХ кои уште ги нарекуваат мини-Нијагара достигнуваат височина од дури 25 m, а доколку ги посетите додека е сè уште топло, може да пливате во околните природни базени.
Динант, Белгија
За ваша среќа, многу малку луѓе имаат слушнато за Динант. Одличен за посета во кое било време до годината, а овој мал шармантен град е познат како родното место на Адолф Сакс, пронаоѓачот на саксофонот.
Областа е одлична и за пешачење и планинарење со над 2.000 km специјално обележани патеки за оваа цел.
Островот Скај, Ирска
На Скај ќе се почувствувате како да не сте на оваа планета. Ова е едно од ретките места во Обединетото Кралство кое сè уште е недопрено и неуништено од страна на човековата природа.
Гигантската карпа Old Man Storr која се протега, односно надвишува по целото пространство низ островот и камените природни басени се излезени како од страниците на некоја магична приказна.
Чивита ди Бањореџо, Италија
Овој шармантен средновековен град е скоро недопрен од времето на мајсторите од периодот на италијанската ренесанса. Иако неговата етикета е прилично морбидна – „Град во изумирање“ поради вкупниот број од дури 10 жители, илјадници туристи го посетуваат годишно искачувајќи се до палатата на врвот од градот.
Бохињ, Словенија
Уникатно и прекрасно, во секој можен поглед, Бохињ е мистериозен и ексцентричен регион во Словенија. Лоциран во срцето на Јулијските Алпи, нуди мир, уживање, задоволство на сите сетила, а тука ќе го пронајдете и најголемото словенечко езеро – Бохињското.
Метеори, Грција
Таканаречените „карпи во воздухот“ или „горе во небото“, познати како Метеори се едни од најголемите православни комплекси во Грција. Шесте манастири се изградени на природни столбови од песочен камен, а се наоѓаат во близина на планината Пинд во централна Грција.
Лугано, Швајцарија
Лугано е просто фантастичен. Град преполн паркови, цвеќиња, вили и необични згради, има толку многу работи коишто може да ги правите во овој мал швајцарски дијамант. Она што дефинитивно мора да го направите е да изнајмите брод додека пловите по езерото, уживајќи во незаборавните глетки и пејзажи.
Охрид, Македонија
Македонскиот бисер Охрид се најде со целосно оправдување на оваа листа. За Охрид се вели дека е најсјајното камче во македонската круна. Охридското Езеро, Самуиловата тврдина, Канео и Свети Наум, треба ли да се каже повеќе?
Синтра, Португалија
Синтра е опкружен со романтична аура како ниту еден друг европски град. Толку е инспиративен што поттикнал многу поети и писатели да ги преточат емоции во пишан збор. Сместен помеѓу карпести планини и сјајно езеро ќе се изгубите во незаборавна убавина, архитектура и вкусна кујна.
Котор, Црна Гора
Ова преубаво гратче е како еквивалент на Дубровник во Хрватска. Со истиот тој шарм, тесни камени улички, пристаниште и прекрасна архитектура, во Котор ќе пронајдете тишина, мир и превкусна локална храна.
Ронда, Шпанија
Во минатото, жителите на Ронда ги фрлале жените за кои се сомневале дека се вештерки од врвот на познатиот мост, Puente Nuevo. Денес, за среќа, е обична патека за шетачите и посетителите на овој град кој е прогласен за Сопственост од национален културен интерес.
Кижи, Русија
Во Карелија, лоцирана во северозападниот дел на Русија, во средината на големото езеро Онега, се наоѓа остров полн со неповторливи и нестварно убави дрвени цркви. Со причина Кижи е еден од најпосетените острови, затоа што е излеан како од фантазиите.
(О)Милена | Црнобело