Како да имате пријатен и безбеден престој во различни земји низ светот?

Сите знаеме дека пред да отидеме некаде надвор од земјата треба да направиме неколку работи.

kako-da-imate-prijaten-i-bezbeden-prestoj-vo-razlichni-zemji-niz-svetot-01.jpg

Да имаме патничко осигурување, да направиме фотокопија од пасошот и личните документи, да носиме лекови и мал несесер со средства за прва помош и слично.

Во некои земји во светот ова не е доволно за да бидеме безбедни и постојат разни опасности кои би можеле да ни го расипат престојот и да предизвикаат непријатни ситуации.

За да го направите престојот во странство попријатен и безбеден, внимавајте на следниве работи:

Мексико

Ако патувате во Мексико, задолжително ќе ги посетите прекрасните плажи и ќе пробате оригинална мексиканска текила.

Но, внимавајте на следново:

Во Мексико има 280 видови на скорпии, а дел од нив се отровни. Внимавајте каде одите и каде газите.

Лицата во алкохолизирана состојба на улиците низ Мексико се казнуваат и може да одат во затвор.

Водата во Мексико не се пие. Купете си флаширана вода.

Оваа земја има висока стапка на криминал, па бидете посебно внимателни кога шетате низ улиците, седите на плажа или вадите пари од банкомат. Никако не се шетајте сами навечер.

Ако престојувате во Мексико, подложни сте на ризик да заболете од некоја заразна болест, како на пример маларија.

kako-da-imate-prijaten-i-bezbeden-prestoj-vo-razlichni-zemji-niz-svetot-03.jpg

Турција

Турција е една од најпопуларните земји за туристите.

Но, и тука постојат опасности:

На места кои не се туристички дестинации, жените не смеат да шетаат сами, без придружба. Жените треба и да избегнуваат да шетаат сами навечер и да носат облека која открива делови од телото.

Традиционалните турски тоалети на шолјата имаат додаток за миење на интимните делови. Се случува во тоалетите да нема тоалетна хартија, па носете си хартиени марамчиња со вас.

kako-da-imate-prijaten-i-bezbeden-prestoj-vo-razlichni-zemji-niz-svetot-02.jpg

Индија

Сите историски знаменитости низ уникатната Индија сигурно ќе ве воодушеват. Тука се наоѓа прекрасниот Таџ Махал. Но, не е сè како што изгледа на фотографиите.

Во Индија е многу лесно да се заразите со некоја болест или инфекција. Пијте само флаширана вода од познати брендови. Добро би било и да се вакцинирате пред да отпатувате таму.

Жените треба да ги почитуваат строгите правила на облекување и да не носат провокативна облека, особено во делови кои се помалку познати за туристите.

kako-da-imate-prijaten-i-bezbeden-prestoj-vo-razlichni-zemji-niz-svetot-04.jpg

Колумбија

Колумбија е шарена и живописна земја во која има што да се види.

Сепак, и тука постојат правила и опасности, како на пример:

Стапката на криминал во Колумбија е една од највисоките во светот. Бидете посебно внимателни за ова. На туристите им се препорачува да викаат такси од рецепцијата на хотелот, а не од улица.

Во водните површини во Колумбија живеат опасни животни како што се ајкули, пирани и отровни жаби. Прашајте некој од локалното население на кои плажи смее да се бањате.

kako-da-imate-prijaten-i-bezbeden-prestoj-vo-razlichni-zemji-niz-svetot-05.jpg

Египет

Постојат многу причини да го посетите Египет. Пирамидите се секако една од нив.

Но, внимавајте на следново:

Не пливајте во реките поради опасност да се заразите од бактерии. Пливајте во море или во базен со прочистена вода.  

Во коралните гребени на Црвеното Море се кријат морски ѕвезди кои имаат отровни иглички на нив. Ако се боцнете на нив, местото ќе се вцрвени и може да дојде до несвестица. Исчистете го убодот, ставете антисептик и одете на лекар.

Во Египет може да се заразите со разни болести, меѓу кои Хепатит А и Б. Примете ги потребните вакцини пред да отпатувате.

Египет е муслиманска земја, па и тука важат правилата да не се носи облека која открива делови од телото.

kako-da-imate-prijaten-i-bezbeden-prestoj-vo-razlichni-zemji-niz-svetot-06.jpg

Тунис

Во Тунис има прекрасни плажи, историски градби и спа-центри.

Но, и таму не е сè толку совршено:

Во Тунис често има граѓански протести и маршови. Ако видите дека има таков настан, стојте подалеку од гужвата.

Во Тунис има строги забрани за фотографирање споменици и историски знаменитости. Пред да направите фотки, консултирајте се со локалните власти.

Ако пливате во морето во август, има големи шанси да налетате на медузи, па внимавајте да не ве опечат, а ако се случи тоа, веднаш посетете доктор.

Пред да одите во Тунис, вакцинирајте се со сите потребни вакцини.

kako-da-imate-prijaten-i-bezbeden-prestoj-vo-razlichni-zemji-niz-svetot-07.jpg

Јужна Африка

Јужна Африка нуди уникатни искуства за сите туристи.

Повеќето од нив се пријатни, но може да начекате и непријатни изненадувања:

Стапката на криминал е висока, па внимавајте на кражби, особено навечер. Заклучете го автомобилот и затворете ги прозорците внатре.

Во Јужна Африка се вози на левата страна од коловозот, па ова е корисно да го знаете и ако сте возач, и ако сте пешак.

Пушењето на јавно место е забрането и се казнува. Пушете само на местата на кои има натпис дека е дозволено.

Во Јужна Африка живеат едни од најопасните животни во светот. Внимавајте ако одите на некое патување каде има животни и пливајте само во дозволените делови заштитени со мрежа.

И за во Јужна Африка треба да се вакцинирате, па консултирајте се со лекар пред да заминете.

kako-da-imate-prijaten-i-bezbeden-prestoj-vo-razlichni-zemji-niz-svetot-08.jpg

Етиопија

И во Етиопија има што да се види. Во главниот град има споменик на поетот Пушкин, а постојат и интересни музеи кои вреди да се посетат.

Ако некогаш одите во оваа земја, еве на што треба да внимавате:

Избегнувајте ги местата близу границите со Судан, Сомалија, Кенија и Еритреја. Во минатото често се случувало да има немири, а понекогаш и да се киднапираат луѓе.

Дождовите во Етиопија траат од април до септември. Проверете го времето пред да отпатувате за да бидете подготвени.

Во Етиопија има строги правила што смеете, а што не смеете да фотографирате. Побарајте дозвола од локалните власти претходно.

Етиопија е земја во која има разни заразни болести, па вакцинацијата пред да тргнете е задолжителна.

kako-da-imate-prijaten-i-bezbeden-prestoj-vo-razlichni-zemji-niz-svetot-09.jpg

Нигерија

Нигерија е позната по шарените пазари и панаѓури и езерото Чад.

Но, и во оваа земја постојат ризици и опасности:

Често се случува туристи да бидат киднапирани во Нигерија. Не се шетајте сами и не се оддалечувајте од хотелот и местата што се попознати.

Змиите, крокодилите и нилските коњи исто така претставуваат опасност за туристите. Внимавајте каде одите и не им се приближувајте на животните.

Избегнувајте да газите боси по песокот на плажа или да ја сушите водената облека надвор. Одредени видови на инсекти во Нигерија се отровни и можат да положат јајца во облеката или да ви влезат во кожата.

kako-da-imate-prijaten-i-bezbeden-prestoj-vo-razlichni-zemji-niz-svetot-10.jpg

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Најпознатите (и најзначајните) градби ширум светот Пирамидите во Египет се како симбол на древен Египет кој ја покажува моќта, но и...
Безброј светилки, многу тезги со храна и подароци: Брисел е волшебен во празничната сезона И оваа година, божиќниот маркет во Брисел е сместен во самото срце на градот, и ...
Уличната уметност и шармантните мурали низ улиците на Брисел Сакам да ве прашам нешто. Дали сте љубители на улична уметност?  Сакам д...
Ненеци, народ кој живее „на работ на светот“: Јадат месо од ирваси, преживуваат и на -50°C Секое семејство има по еден ирвас „домашен миленик“. А ирвасите им нудат на Нене...
Морничави замоци низ Европа кои се верува дека се „опседнати“ (и можете да ги посетите) Натприродни појави, сенки, морничави гласови – ова се само дел од работите што н...
7 причини зошто уште веднаш да се спакувате и да го посетите Лисабон Ќе се вратите низ времето со ретро трамвајот број 28, но и ќе ги вкусите најдобр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg