Лошите последици од туризмот на Халкидики

Грција е едно од омилените места за летен одмор на многу туристи низ светот, вклучувајќи ја и нашата земја.

posledicite-od-turizmot-na-halkidiki-01.jpg

Халкидики е најчестиот избор на туристите од Балканот, а и на тие од околните држави. Луѓето одат таму за да се одморат, да се сончаат на песочните плажи, да се шетаат и да направат фотки.

Но, само локалното население знае што значи да се справуваш со огромна група на луѓе секоја година. Тоа остава трајни последици за целата земја.

Во продолжение прочитајте кои се последиците од туризмот на Халкидики, според локалното население: 

Неконтролирано управување со плажите 

Секоја година се прават сè повеќе плажи, ресторанчиња и туристички атракции. Секое дрво се уништува со поставување на знаци за издавање соби на него, опремата за спортски активности и лежалките на плажите исто така треба постојано да се заменуваат со нови.

Плажите се прават без план и без да се консултираат стручни лица, па поради тоа тешко е работите да функционираат како што треба. 

Лоши навики на туристите 

Сето тоа привлекува многу туристи кои се однесуваат како во земјата каде што се гости да не постојат закони.

Ги уништуваат уличните светилки, мебелот во апартманите и хотелите, фрлаат отпад насекаде, се паркираат каде сакаат и прават врева и голема гужва која го попречува нормалното функционирање на локалното население.

loshite-posledici-od-turizmot-na-halkidiki-03.jpg

Недостаток на патна инфраструктура  

Иако патиштата во Грција се солидни, туристичките места на Халкидики се мали гратчиња или села кои не се изградени за да се справат со такви колони од автомобили и автобуси на улиците.

Тоа претставува огромен проблем за луѓето што живеат таму и не можат непречено да ги извршуваат секојдневните активности.  

Неконтролирано кампување 

Во светот секаде има одредени места во кои е дозволено да се кампува, но не и на Халкидики. Туристите поставуваат приколки и шатори каде сакаат, во шума, на планина, во национален парк и никој за тоа не ги казнува.

Со тоа прават штета на природата и на целиот регион.

loshite-posledici-od-turizmot-na-halkidiki-04.jpg

Уништување на знаменитости и историски места 

Локалното население вели дека во ниту еден дел од светот туристите не се однесуваат така како што се однесуваат во Грција. Сите делови се како да се ставени на изложба.

На туристите им е сè дозволено. Се однесуваат недолично пред цркви, на археолошки наоѓалишта, пред историски знаменитости, на планина и слично, што секако е проблем за сите што живеат таму.

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на ... Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и...
11 популарни клубови и ноќни барови на првиот крак на Халкидики Pearl Club во Калитеа, Achinos Beach Bar во Ханиоти - на Халкидики има бројни кл...
5 најубави кампови на Халкидики, идеални за семеен одмор или летување со друштво Ако досега никогаш не сте летувале во камп, ви препорачуваме 5 кампа кои се наоѓ...
9 активности кои можете да ги правите на Халкидики, за да немате пензионерски одмор Кајакарење по тиркизните води во околината на островот Дијапорос, тргајќи од Вур...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg