Топ 7 најубави острови во Грција според локалното население
Постојат околу 800 острови распослани низ Егејското и Јонското Море во Грција, така што тежок е изборот за кое место да се посети за одмор.
Невозможно е да се посетат сите убави места, но повеќето туристи се согласни дека островите се бисерот на Грција и имаат предност пред другите места за одмор. Некој сака убави плажи, некој оди за забава со друштво, а некој сака да биде опкружен со зеленило.
Што мислат Грците? Кои се најдобрите 7 острови во нивната татковина?
7. Крф
Островот Крф се одликува со бујна вегетација со многу маслинови дрвца и смарагдно зелена боја на морето.
6. Миконос
Островот на забавите нуди сè што е потребно за одмор за млади, но неговите живописни камени улички го прават место кое вреди да го посетат луѓе од сите возрасти.
5. Парос
Не толку познатиот Парос е идеално место за одмор во пар. Прекрасните плажи и малите, интересни куќички со сини врати и бели детали се меѓу главните обележја на овој остров.
4. Андрос
Островот Андрос е познат по својата елегантна архитектура, зелени пејзажи и одлични плажи, што го прави совршено место за релаксиран одмор.
3. Лефкада
Лефкада е четвртиот најголем остров на Јонското Море и омилена летна дестинација не само на туристите од другите земји, туку и на Грците. Кристално чистата вода и прекрасните плажи се она што ги привлекува посетителите секоја година.
2. Фолегандрос
Фолегандрос е мал и изолиран остров кој не е многу познат и има мал број на жители. Таму можете да видите прекрасни црквички и кристално чиста вода.
1. Милос
На прво место на листата на најубави Грчки острови според локалното население се најде островот Милос. Со повеќе од 80 егзотични плажи и прекрасна вода, овој остров вреди да го посетат сите кои планираат патување во Грција.
М. В. | Црнобело