7 места за романтичен меден месец во Италија

Прекрасната Италија е избор на многу брачни парови низ светот кои планираат меден месец.

7-mesta-za-romantichen-meden-mesec-vo-italija-01.jpg

Има толку убави места што вреди да се видат, па понекогаш е тешко да се одбере каде да отпатувате.

Ние ви предлагаме 7 романтични дестинации во Италија, идеални за меден месец, кои ќе ве воодушеват на прв поглед:

Фиренца

Не случајно Фиренца се најде на првото место на листата. Ова е еден од најромантичните градови во светот, град каде магијата е присутна во секое ќоше.

Срцето на Тоскана има огромен избор на хотели и одлични ресторани, а ако патувате таму, не заборавајте да направите прошетка со бротче по реката Арно, под мостот Понте Векио.

najromantichnite-destinacii-za-meden-mesec-vo-italija-02.jpg

Пиемонт

Пиемонт е регија сместена во северозападниот дел на Италија. Најпознат е по совршените глетки на Алпите и превкусната храна и вино. Ако сте љубители на автентични вкусови во прекрасен амбиент опкружен со лозја и зеленило, ова е вистинскиот избор.

najromantichnite-destinacii-za-meden-mesec-vo-italija-03.jpg

Амалфи

Брегот на Амалфи е познат по шарените куќи распослани на брегот на Средоземното Море, рибарските селца и скриените плажи од каде нема да сакате никогаш да си заминете. Задолжително посетете го островот Капри и пробајте го коктелот Негрони на некоја плажа.

najromantichnite-destinacii-za-meden-mesec-vo-italija-04.jpg

Венеција

Секогаш романтична и прекрасна, Венеција ги исполнува очекувањата на сите кои ќе ја посетат. Плоштадот Сан Марко, гондолите, мостот Риалто се само дел од убавините на овој град.

najromantichnite-destinacii-za-meden-mesec-vo-italija-08.png

Верона

Има ли поубаво место за меден месец од градот на Ромео и Јулија? Верона е создадена за вистинските романтични души. Прошетките низ нејзините улички ќе ве одведат во магичен свет. Посетете го Arena di Verona, амфитеатар на отворено каде се прикажуваат интересни претстави и концерти.

najromantichnite-destinacii-za-meden-mesec-vo-italija-05.jpg

Сардинија

Овој Медитерански остров некогаш имал забранет пристап, но денес е едно од најпосетените места во цела Италија. Со богата историја и уште поубава архитектура, Сардинија нуди за секого по нешто.

najromantichnite-destinacii-za-meden-mesec-vo-italija-06.jpg

Апулија

„Штиклата“ на Италијанската чизма е помирна, но исто толку шармантна алтернатива на Амалфи. Ова место изобилува со бујно зеленило, песочни плажи и рустични куќички.

Задолжително посетете го местото Алберобело. Вечерајте во уникатниот ресторан изграден во карпа, Grotta Palazzese.

najromantichnite-destinacii-za-meden-mesec-vo-italija-07.jpeg

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 европски дестинации кои може да ги посетите во есен (според искусни патувачи) Ако немате идеја каде да заминете на следно патување, искусните патувачи на Euro...
9 европски дестинации каде и во рана есен е уште топло Од Кипар до Анталија, постојат повеќе места каде може да отидете на есенско пату...
Топ 10 плажи во Италија за оние кои сакаат филмски одмор Плажа помеѓу карпи, во шармантни италијански градови или под брдести селца со гр...
Европски пролетни дестинации со евтини летови од Скопје Брисел, Франкфурт, Милано... Каде сакате да одите оваа пролет? Брисел, Франкф...
Греено вино и совршена елка за Инстаграм фотки - Зошто божиќниот маркет во Будимпешта е меѓу омилени... Не можете да не ја сакате Будимпешта во декември. Ова е време кога опива мирисот...
5 романтични места во Македонија, совршени за меден месец Кој вели дека мора да патувате во странство за да имате незаборавен меден месец?...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg