Летен рај: Одморалиште со базен во облик на школка (фото)
Доколку ве интересира како изгледа вистински луксуз на годишниот одмор, појдете со нас на мало патување до едно од најубавите одморалишта во светот.
Спектакуларниот ресорт „JW Marriott Phu Quoc Emerald Bay Resort & Spa“ е отворен кон почетокот на 2017-та година, лоциран е на виетнамскиот остров Phu Quoc, а веќе привлекува огромно внимание меѓу светските патници, благодарение пред сè на декорот кој остава без здив.
Низ целото одморалиште се провлекуваат тоновите кои асоцираат на море и сонце – освежителната тиркизна, нежната зелена и ведрата жолта боја, додека убедливо најголема ѕвезда е базенот во облик на школка, со прекрасен видик на плажата и морското синило.
Во рамки на хотелот се наоѓаат 5 ресторани, бутици и неколку барови, како и 243 сместувачки капацитети, кои вклучуваат соби, апартмани и вили. Спа содржините се шлагот на тортата, а со нив на разгалените гости им се пружа можност да се одморат – од одморањето.
Архитектите и дизајнерите посебно внимание посветиле на деталите, па во „JW Marriott Phu Quoc Emerald Bay Resort & Spa“ не може да најдете две исти места, без оглед на тоа дали се работи за мебелот, декорациите или изгледот на собите. Во овој луксузен ресорт, секоја соба е поинаква од останатите.
Вистинска летна фантазија, зар не?
М. А. | Црнобело