Како од бајка: Најубавите слаткарници во Париз

Париз- еден од најубавите и најинспиративните градови во светот. Град за сонувачи, за љубов, за уживање во сите задоволства.

kako-od-bajka-najubavite-slatkarnici-vo-pariz-01_1.jpg

Кога зборуваме за Париз, не можеме да не ги спомнеме фамозните француски слаткарници какви што нема никаде на светот. Со прекрасен ентериер и огромен избор на недоливи вкусови, слаткарниците во Париз се нешто што не смее да се пропушти.

Ние одбравме неколку од нив кои задолжително треба да ги посетите ако патувате во Париз.

L’ECLAIR DE GÉNIE

32 rue Notre Dame des Victoires

Слаткарница  во која се продаваат различни видови на еклери со најразлични вкусови: чоколадо, ванила, овошни, со јаткасти плодови и прекрасно декорирани. Меѓу највкусните се Lemenom Yuzu и Vanilla Pecan Nut.

kako-od-bajka-najubavite-slatkarnici-vo-pariz-01.jpg

kako-od-bajka-najubavite-slatkarnici-vo-pariz-02.jpg

CHRISTOPHE MICHALAK

8 Rue de la Verrerie

Една од најпознатите слаткарници во Париз во изминативе години. Кристофер долги години работел во атрактивниот хотел Plaza Athenee, но сега својата креативност ја насочува во неговиот сопствен мал рај.

Никаде нема да најдете попрецизно декорирани торти и колачи.

kako-od-bajka-najubavite-slatkarnici-vo-pariz-03.jpg

kako-od-bajka-najubavite-slatkarnici-vo-pariz-04.jpg

SÉBASTIEN GAUDARD

22 rue des Martyrs

Првото нешто што ќе забележите кога ќе влезете во оваа слаткарница е прекрасниот ентериер во романтични пастелни бои. Служат сладолед, торти, колачи и кроасани.

kako-od-bajka-najubavite-slatkarnici-vo-pariz-05.jpg

kako-od-bajka-najubavite-slatkarnici-vo-pariz-06.jpg

La Pâtisserie des Rêves

93 rue du Bac

Насловот значи „Слаткарница од соништата“ и навистина изгледа така. Со шарен и разигран ентериер сместена во типичен париски кварт, во оваа слаткарница ќе уживате и во амбиентот, и во вкусот.

kako-od-bajka-najubavite-slatkarnici-vo-pariz-07.jpg

kako-od-bajka-najubavite-slatkarnici-vo-pariz-08.jpg

Ladurée

75 Av. des Champs-Élysées

Не може да не ја спомнеме една од најпопуларните слаткарници во светот, Laduree. Уникатен дизајн и одличен избор на макарунси. Задолжителна на листата на места што треба да ги посетите.

kako-od-bajka-najubavite-slatkarnici-vo-pariz-09.jpg

kako-od-bajka-najubavite-slatkarnici-vo-pariz-10.jpg

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Топ 15 божиќни пазари во Европа за 2024 како од бајка – кога да ги посетите? Божиќниот пазар во Будимпешта е избран за најдобар за 2024 кој ќе вреди да го по...
Ненеци, народ кој живее „на работ на светот“: Јадат месо од ирваси, преживуваат и на -50°C Секое семејство има по еден ирвас „домашен миленик“. А ирвасите им нудат на Нене...
Најпознатите (и најзначајните) градби ширум светот Пирамидите во Египет се како симбол на древен Египет кој ја покажува моќта, но и...
„Живеев во Дубаи и го мразам – сите, освен богатите мажи, се третирани како предмети“ „Гледав мажи кои шетаат со три по сопруги кои изгледаа мизерно. Ме бомбардираа с...
7 ресторани во Врање кои може да ги посетите кога одите на еднодневна тура Ресторани на отворено со двор, ресторани со игралиште за деца, или со рустичен и...
Морничави замоци низ Европа кои се верува дека се „опседнати“ (и можете да ги посетите) Натприродни појави, сенки, морничави гласови – ова се само дел од работите што н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg