Ќе ве воодушеви: Другата страна на Јапонија
Кога ќе помислиме на Јапонија тогаш обично мислиме на вкусно суши и на црешови дрвја, но освен тоа оваа земја има уште многу да понуди...
Јапонија е една од најпосакуваните светски дестинации, а погледнете и зошто:
Песочни плажи
На само еден час од Токио се наоѓаат плажите Зуши и Еношима, кои се многу популарни меѓу сурферите. Освен прекрасните плажи, во Јапонија има и прекрасни острови како Ниџима и Јаејама, кои нудат прекрасна природна убавина.
На скара во природа
Кога посакуваат да излезе во природа, локалното население оди во блиските паркови и се одмара од густо населените јапонски градови. Сите видови забави се толерираат, но зад себе морате да си го исчистите нередот.
Уживајте во рокенрол
Рок фестивалот на планината Фуџи е основан во 1997 година, а се одржува помеѓу 25-ти и 27-ми јуни. Ако сте обожаватели на рок музиката, тогаш сигурно ќе уживате на овој фестивал.
Откријте ја Јапонија на две тркала
Во Токио влажноста на воздухот е многу висока, па истата може да ви пречи при физичка активност. Затоа испланирајте си реални цели кога станува збор за панорамско разгледување на градот со велосипед.
Пробајте јагула - вистински летен деликатес
Во Јапонија луѓето веруваат дека јагулата им помага да го победат заморот, кој пак се поврзува со летните жештини. Тоа што е најинтересно е што можете да пробате и сладолед од јагула.
Одморете ги нозете - патувајте со воз
Патувајте во ексклузивните возови кои во секое купе нудат спа за нега на стапалата. Секако и тоа е еден вид на јапонска кампања која го промовира туризмот во одреден регион од државата.