10 причини поради кои ќе се вљубите во Будимпешта
Како се буди природата и пролетта, во мислите сè почето се гледате со ранецот на грб или куферот во рака и фантазирате каде да го искористите следниот продолжен викенд.
Ако немате многу пари за расфрлање, а сакате да видите нешто блиско и интересно кое ќе ве освои, тогаш Будимпешта никако не смеете да ја одминете.
Главниот град на Унгарија, многу лесно може да се спореди со културните и туристички метрополи како што се Рим, Лондон, Париз или Берлин.
Ако барем еднаш го посетите ќе бидете освоени од бројните значајни места и споменици, дворци и други градби кои ќе ви го одземаат здивот на секој чекор.
Постојат барем 10 причини поради кои ќе се вљубите во Будимпешта, уште на прв поглед:
1. Во однос на историјата и архитектурата таа е една од најинтересните европски дестинации.
2. Има многубројни туристички атракции кои можете да ги посетите бесплатно и да уживате. Нема да имате време во денот кога ќе ви биде досадно.
3. Во Будимпешта нема да останете гладни. Храна има за извоз, од унгарски специјалитети, преку бројни странски ресторани и пабови кои воопшто не се скапи.
4. Топлите извори со термални води се најголемо туристичко задоволство, но и најголем потенцијал на градот. Знаете ли дека во Унгарија има над 1.000 термални извори?
5. Будимпешта е една од најпристапните туристички дестинации во однос на цените.
6. Посетете ја Големата Синагога. Таа е најголема во Европа и во неа се наоѓа Унгарскиот музеј на еврејска уметност и Меморијалниот центар на холокаустот.
7. Будимпешта се наоѓа на патот кон некои од најпознатите туристички дестинации во Европа (Краков, Братислава, Варшава), но во кој град и да патувате задолжително застанете и во Будимпешта за кратка прошетка.
8. Може да спиете во вистинскиот „Grand Budapest Hotel“ – тоа е хотелот „Corinthia Budapest“ кој послужил како инспирација за популарниот филм, награден со Оскар.
9. Ако сакате хорор сцени, тука е Куќата на теророт во која може поблиску да ја запознаете нацистичка Германија.
10. Но, и ако сакате мир и одмор во природа, само еден од бројните паркови ќе ви биде и повеќе од доволен. Посетата на островот Маргит на Дунав, каде се наоѓа и мала зоолошка градина, ќе ве освои и без да забележите денот ќе ви помине во еден миг.
Би се спакувале веднаш за во Будимпешта?