Тие се најсреќните деца: Не знаат кој ден и година е, но живеат на најубавото место на Земјата (фото)

Децата од племето Бахау кои живеат во Борнео, во надводни колиби, имаат привилегија секојдневно да го гледаат рајот на Земјината топка.

tie-se-najsreknite-deca-nemaat-skapi-igracki-no-imaat-mal-raj-na-zemjata-foto-01

Тие не се признати од соседните држави, но и немаат таква потреба. Живеат во свој сопствен рај, по сопствени правила и знаат да уживаат во секој момент.

Пловат и риболоват насекаде по тиркизните води на Малајскиот Архипелаг и се познати како „Морските циганчиња“. Уште од најмала возраст учат да пливаат и да нуркаат додека се мали, а штом стигнат до отприлика 8-годишна возраст веќе мора да пловат со дрвените кајчиња и да ловат за да се прехранат.

За нив се чини како времето да застанало. Не знаат ни да читаат ни да пишуваат, не знаат ниту колку години имаат точно. Никој тоа никаде не го запишува. Не знаат кој ден е, месец или година, но знаат да го искористат сегашниот миг како да е последен.

Уживаат максимално во сета убавина, во сите мали задоволства и во сета игра и љубов која си ја даваат меѓусебно.

Тие се пример за искрени насмевки, безгрижен живот и позитивни мисли. Мали скромни дечиња кои имале среќа да се најдат во овој нивен мал рај и да им биде доволен.

Погледнете ги најпозитивните фотографии кои ги направил францускиот фотограф Рехан, кој поминал со нив 8 дена:

Би можело да ве интересира:

Бев на одмор во Грција во средината на септември - Зошто ми се допадна летувањето на крајот од сезон... Единствената лоша страна на летувањето вон сезона, на крајот на септември, е тоа...
Ненеци, народ кој живее „на работ на светот“: Јадат месо од ирваси, преживуваат и на -50°C Секое семејство има по еден ирвас „домашен миленик“. А ирвасите им нудат на Нене...
Српска блогерка споделува: Колку пари се потребни за посета на спомениците низ Истанбул? За посета на Аја Софија ќе ви требаат 25 евра, за Токапи палатата 45... Колку па...
„Албанскиот Тајланд“ – Скриено парче рај покрај река во Албанија Кристално тиркизната вода во реката и богатата вегетација во околината, прават о...
Безброј светилки, многу тезги со храна и подароци: Брисел е волшебен во празничната сезона И оваа година, божиќниот маркет во Брисел е сместен во самото срце на градот, и ...
Најпознатите (и најзначајните) градби ширум светот Пирамидите во Египет се како симбол на древен Египет кој ја покажува моќта, но и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg