Патување кое ќе ве остави без здив: Магијата на прошетката низ Дубровник, па на кафе и локум во Башчаршија

Не постои поубав период за патување од пролетта. Особено за прошетка низ најубавите градови на Балканот. Постои некоја посебна магија во воздухот во ова годишно време.

patuvanje-koe-ke-ve-ostavi-bez-zdiv-magijata-na-prosetkata-niz-dubrovnik-pa-na-kafe-i-lokum-vo-bascarsija-1.jpg

Започнете го патувањето со градот кој е вистински бисер на Медитеранот...градот кој ве остава без здив со својата исклучителна природна убавина - Дубровник. Ќе се создаде пред вас како чисто изненадување, како глетка која не може да се спореди, како причина која најдобро ќе го оправда вашето патување. Затворен во своите ѕидини во него ќе најдете свет кој го сакате, цврст и познат, полн со богатства.

Прошетка по Страдун - центарот на сите случувања, тесните улички и продавнички, тврдината – ќе се сретнете со сите убавини на неговото урбано јадро, со векови учени вештини на ѕидање, резбање, вајање.

patuvanje-koe-ke-ve-ostavi-bez-zdiv-magijata-na-prosetkata-niz-dubrovnik-pa-na-kafe-i-lokum-vo-bascarsija-2.jpg

Емоции на тацна – добра чаша вино во комбинација со совршен поглед на кристалното Јадранско море, проткаени со звуците на уличните музичари. Над Дубровник има доволно ѕвезди за секоја ваша желба, месечина за секој ваш копнеж.

Бројните музеи и галерии, филмските и музичките фестивали се само дел од културните настани кои ги нуди овој прекрасен град.

patuvanje-koe-ke-ve-ostavi-bez-zdiv-magijata-na-prosetkata-niz-dubrovnik-pa-na-kafe-i-lokum-vo-bascarsija-3.jpg

Завршете го денот со крстарење околу стариот град, уживајте во магијата на зајдисонцето, останете маѓепсани од комплетната „доза“ убавина која ја нуди идеалниот град на Јадранот.

Продолжете го патувањето со уште малку „храна“ за вашиот дух. Од Дубровник - кон Мостар и Меѓугорје. Меѓугорје е еден од најпознатите Римокатолички храмови во светот. Местото стана симбол за чудесното појавување на духот на Пресвета Богородица, кои започнаа во 1981 година, по што почна да се развива верскиот туризам.

patuvanje-koe-ke-ve-ostavi-bez-zdiv-magijata-na-prosetkata-niz-dubrovnik-pa-na-kafe-i-lokum-vo-bascarsija-4.jpg

Од тогаш, ова место, во близина на Мостар, стана една од најпосетените туристички центри во Босна и Херцеговина, која годишно ја посетуваат околу еден милион верници од целиот свет. Светилиштето во Меѓугорје се уште го има задржано неговиот оригинален шарм, каде што верниците го наоѓаат својот мир во верата.

Во срцето на југоисточна Европа, градот кој со децении ја раскажува својата приказна и сведочи за една богата традиција и култура. Приказната за градот на Миљацка започнува овде. Сараево е град кој е посебен по многу нешта и со сигурност ќе ве освои на прв поглед. Луѓето се ведри, љубезни, добри, насмеани. Целата топлина и љубов ја споделуваат со своите гости.

patuvanje-koe-ke-ve-ostavi-bez-zdiv-magijata-na-prosetkata-niz-dubrovnik-pa-na-kafe-i-lokum-vo-bascarsija-5.jpg

Седнете на утринско кафе со локум или чај во Башчаршија – почувствувајте ја традицијата и културата на Сараево во центарот на овој неверојатен град.

patuvanje-koe-ke-ve-ostavi-bez-zdiv-magijata-na-prosetkata-niz-dubrovnik-pa-na-kafe-i-lokum-vo-bascarsija-6.jpg

Стариот дел од градот, црквите, џамиите, музеите и прекрасните кафулиња се задолжителни при посетата на Сараево.

Облакодерот Аваз е највисоката градба која нуди спектакуларна глетка на градот и можност да уживате во неповторлив поглед.

patuvanje-koe-ke-ve-ostavi-bez-zdiv-magijata-na-prosetkata-niz-dubrovnik-pa-na-kafe-i-lokum-vo-bascarsija-7.jpg

Сараево има многу што да понуди и раскаже. А, ќе имате и вие откако ќе успеете да ги средите впечатоците од сите убавини.

Патувањето од соништата ви е на дофат – искористете ги Велигденските празници за да креирате нови спомени. 

Нахранете го духот, освежете ги сите сетила во Дубровник, Сараево и Белград со турата на Караџи Турс - 4 дена, 5 држави, многу градови и локации, за сите вкусови.

Комплетната програма за патувањето може да ја погледнете овде. Следете ги и на Фејсбук.

Контакт телефони: 02/3 131-131 или 078 306 005.

Би можело да ве интересира:

Уличната уметност и шармантните мурали низ улиците на Брисел Сакам да ве прашам нешто. Дали сте љубители на улична уметност?  Сакам д...
Морничави замоци низ Европа кои се верува дека се „опседнати“ (и можете да ги посетите) Натприродни појави, сенки, морничави гласови – ова се само дел од работите што н...
12 европски дестинации кои може да ги посетите во есен (според искусни патувачи) Ако немате идеја каде да заминете на следно патување, искусните патувачи на Euro...
7 причини зошто уште веднаш да се спакувате и да го посетите Лисабон Ќе се вратите низ времето со ретро трамвајот број 28, но и ќе ги вкусите најдобр...
10 причини да го посетите грчкиот остров Крф Богата историја со многу знаменитости, архитектура во венецијански стил која ќе ...
Котор, Скопје: Градови кои имаат стари делови што зрачат со магија (и се совршени за есенска дестина... Старата скопска чаршија е како спој на разни култури и националности и до денес ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg