10 Места во светот од кои ќе ви се заврти во главата
Со самото тоа што ќе ги погледнете фотографиите веќе ќе ви се заврти во главата, а замислете како ќе се чувствувате доколку некогаш отидете на некое од овие 10 вртоглави места...
Ако се сметате за авантуристичка и храбра личност, тогаш овие места во светот сигурно ќе ви се допаднат, бидејќи на овие локации адреналинот никогаш не мирува:
1. „Вилис Кула”, Чикаго
Замислете да се најдете на стаклена површина на висина од 442 метри, зарем не ви изгледа како најдоброто возбудливо искуство? Од оваа кула, луѓето и автомобилите се едвај видливи, а посетителите задолжително се држат за бочното стакло, за да не бидат понесени од видикот пред себе.
2. „Бурџ Калифа”, Дубаи
Бурџ Калифа е висока 830 метри и претставува највисоката градба на планетата. Ако некогаш ве однесе патот накај Дубаи и секако доколку сте авантуристи, само фрлете еден поглед на градот од видиковецот, кој изгледа како да е измислен да создаде страв.
3. „Колорадо”, Америка
Една голема патека од стакло води точно над кањонот од реката Колоради, а се оптегнува во висина од 215 метри. Интересен е фактот што со оваа патека управува индијанското племе Хуалапаи, а не постои човек кој поминал од тука без да се воодушеви од величествената природа.
4. „Егиј Ди Миди”, Алпи
На 3800 метри надморска висина, на врвот Егиј Ди Миди се наоѓа импресивен стаклен кафен кој го носи името „Чекор во празно”. Тука туристите уживаат во погледот кон Монт Блан, највисокиот врв во Европа, а самото стоење на стаклениот под на оваа висини го буди адреналинот и возбудата.
5. „ЦН Кула”, Торонто
На некои луѓе не им е доволно само да ја гледаат панорамата од импресивна точка, туку нивниот немирен дух ги тера во целост да ја почувствуваат висината. Во една кула во Торонто, посетителите можат да почувствуваат како е да се лебди на висина од 553 метри. Претходно тие се обезбедуват со сигурносни појаси, а потоа се пуштаат да лебдат над кровот.
6. „Блекпул Кула”, Лондон
Блекпул кулата е отворена за јавноста од 1894-тата година, а е на висина од 158 метри. Секој кој ќе се осмели да чекори по патеката меѓу облаците направена од 5cm дебело стакло, нема да остане рамнодушен.
7. Малезиски мост
Малезискиот мост буквално виси во воздухот и се оптегнува на ширина од 125 метри со висина од 700 метри. Погледот од таму кон прекрасната природа е навистина чудесен, а со самото тоа и фактот дека единствено можете да го поминете пешки.
8. „Патот на судбината”, Кина
Патот на судбината е стаклен пат, а до него се стигнува единствено со жичара и не се препорачува на личности кои патат од вртоглавица. Патеката е на висина од 1430 метри, а гледа право во бездна.
9. „Лавовска Глава”, Кејптаун, Јужноафриканска Република
На една карпа, која се наоѓа на надморска висина од 670 метри, се наоѓа најпрекрасниот поглед на Кејптаун. Туристите го обожаваат овој видиковец, бидејќи ветува совршени фотографи, но и е предвиден за храбрите луѓе кои немаат страв од висина.
10. „Небесни скали”, Кина
Овој застрашувачки пат до планината Хуа Шан на висина од 2100 метри води, верувале или не, до куќа за чај. Луѓето кои го поминале овој пат и стигнале до куќат, тврдат дека таму се приготвува највкусниот чај во светот. Со оглед на фактот дека за да стигнете до таму треба да вложите огромен труд, не се ни сомневајте дека е поинаку.