Прошетка низ најголемиот шопинг центар во Дубаи
Ѕирнете во најголемиот шопинг центар во Дубаи - „Dubail Mall“, кој со својата уникатност и луксуз успеа да привлече над 54 милиони посетители ширум светот.
Овој шопинг центар за прв пат бил отворен во 2008-та година и поседува над 1.200 продавници, сопствено кино со 22 сали, лизгалиште, како и реплика на една од најпознатaта улица, поточно кралската улица во Лондон „Regen Street”.
Денес овој шопинг центар го зазема првото место во најпосетените светски шопинг дестинации, што и секако е заслужено поради фактот што има многу да понуди за сечиј вкус.
Секојдневно се прават различни настани, а самиот трговски центар поседува дури и сопствен аквариум со повеќе од 33.000 морски животни.
Погледнете што може да очекувате ако се најдете во најголемиот шопинг центар во Дубаи: