Отпатувајте во Порто - најдобрата европска дестинација за 2014 година
Вториот најголем град во Португалија, по Лисабон е Порто. Оваа година од страна на European Best Destinations, како европска непрофитна организација со седиште во Брисел, чија цел е промоцијата на културата и туризмот во Европа, е прогласен за најдобра европска дестинација.
Порто е исклучителен град на многу начини. Тој е сплет и богатство на историја, традиција, архитектура, култура и гастрономија.
Го има шармот на град кој може да биде совршен бизнис центар, но и топол семеен град за живеење.
Во Порто може да шетате по кејот на долгата река Дуро или да летате со хеликоптер за да ја видите шарената архитектура.
Пејзажите во Порто ќе ве воодушеват. Мостовите под кои може да пловите со големите бродови ќе ви бидат посебна авантура.
Од друга страна, Порто е и град со атрактивни плажи кои излегуваат на Атлантикот.
Знае како да ве освои и да се почувствувате добредојдени уште со самото пристигнување.
Штом еднаш го посетите нема да ви биде лесно да го напуштите.
По ова видео веднаш ќе посакате да го посетите Порто:
Погледнете дел од местата кои ја красат најдобрата европска дестинација за 2014 година: