Иос е магичниот грчки остров со арома на мастика
Не верувате дека има грчко место кое крие магична убавина, а останало непознато пред очите на туристите? Островот Иос е токму такво место.
Овој помалку познат остров се наоѓа во североисточниот дел на Егејското море и моментално е прогласен за еден од најпрекрасните во светот.
Познат е по тоа што тука се одгледува популарната зимзелена грмушка од која се произведува мастиката, па на речиси секој чекор се наоѓаат експериментални мармалади, слатки и локални ликери со арома на узо.
Најголемото село на овој остров е Pyrgi, кое сè уште е во развој. Тука градбите се обични, бели куќарки на 2 до 3 ката, додека фасадите се прекриени со илјадници геометриски фигури.
Плажите се исто така добро сочувани во тајност од гужвите, па песокот и чистотата на водата не се споредуваат со ниту едно друго место.
Уверете се во убавината и испланирајте го вашето следно патување токму тука. Нема да зажалите!