Само за авантуристи: Хотел составен од 15 ретро приколки (фото)
Спиењето во приколка можеби ви се чини како почеток на некоја нискобуџетна организација која е само за сиромашни, но во Германија сето тоа има поинаква перспектива.
Во овој парк со приколки може да спијат само оние кои може да платат по 24 евра од човек за едно ноќевање.
Basecamp Bonn е мобилен хотел составен од 15 камп-приколки, кои се поставени во старото Lancom складиште во Бон. Овој мобилен хотел е дизајниран од страна на Марион Сеул.
Секоја соба има свој специфичен дизајн и уредување, како и одредена тема која дополнително ги привлекува гостите.
Основната цел е на туристите да им се понуди ново искуство по релативно пристапни цени.
Погледнете во какви приколки може да го поминете одморот, дружејќи се и запознавајќи нови и интересни личности: