9 Најчести измами на кои наседнуваат туристите

Границата помеѓу идеалниот и катастрофалниот годишен одмор е тенка, па затоа внимавајте да не наседнете на најчестите измами.

9-najcesti-izmami-na-koi-nasednuvaat-turistite-1

Домаќините ве дочекуваат со огромна насмевка на лицето, но не се залажувајте лесно особено ако одите на некоја далечна дестинација.

Многу туристи наседнале на овие измами, не дозволувајте вие да сте следни:

1. Тој ресторан е затворен

Пред да отидете на одмор, некој пријател ви препорачал одличен ресторан, веќе резервиравте маса и влегувате во такси, но возачот ви тврди дека локалот е затворен од некоја непозната причина. Потоа вие се согласувате да ви препорача друг ресторан и да ве одведе на друга локација. Ќе ви измисли приказни само да ве одведе на друго место, бидејќи големи се шансите дека возачот добива провизија од другиот ресторан за секој гостин. Затоа секогаш инсистирајте да ве одведат на вашата локација, без разлика на што било.

2. Жедни убавици

Ви приоѓа згодна и убава девојка, нарачувате пијалак, разговорите течат исто како и пијалаците. По неколку часа, девојката заминува и ве остава со голема сметка. За да не наседнете на овие измами гледајте го ценовникот и плаќајте си ги пијалаците веднаш.

3. Скутери

Изнајмивте скутер за да ја прошетате областа во која се наоѓате, но одеднаш возилото се расипува и вие се јавувате кај оној кој ви го изнајмил. Потоа скутерот завршува на сервис каде за обична поправка ви наплатуваат голема сума. Секогаш читајте ги условите пред да изнајмите било што, но и разгледајте го возилото и укажете на забележаните гребаници пред да заминете на возење.

4. Хотелски измами

Стандардите се разликуваат од земја во земја, па така хотелот со 4 ѕвезди во Германија не е ни малку сличен со хотелот со 4 ѕвезди во Банкок. Доколку се наоѓате во земјите од Третиот Свет, секогаш прво проверете ја собата пред да се одлучите да ја платите и да престојувате во истата.

5. Улична менувачница

Човек на сред улица менува пари поповолно од менувачниците дури за 20%. Игнорирајте ги овие бидејќи станува збор за измама.

9-najcesti-izmami-na-koi-nasednuvaat-turistite-2-

6. Лажни полицајци

Главно овие полицајци го гледаат вашиот пасош или виза барајќи некоја грешка и не се ни сомневајте дека ќе ја пронајдат. Ќе замерат за која било ситница само за да ви пишат казна и да ви ги земат парите.

7. Супер цени за накит

Ако некој ви понуди сребро или злато по пристапна и евтина цена за разлика од вообичаената, размислете уште еднаш пред да купите.

8. Такси

Возачите на такси во сите земји се исти. Пред да заминете на некоја локација консултирајте се со локален жител за далечината, километражата и пресметајте колку би требало да ви биде наплатено. Такси возачот ќе ја избере најдолгата дестинација и ќе ви наплати двојно повеќе од реалното.

9. Губење на време

Ви приоѓа младо момче кое ви нуди грепка и вие освојувате награда. Потоа ви вели да тргнете со него за да си ја подигнете наградата, но всушност тој ве задржува уште еден час правејќи ви некаква презентација. Сфаќате дека ништо не сте освоиле, а сте изгубиле драгоцено време.

Ви се случила ли некоја слична измама?  

Би можело да ве интересира:

Бев на одмор во Грција во средината на септември - Зошто ми се допадна летувањето на крајот од сезон... Единствената лоша страна на летувањето вон сезона, на крајот на септември, е тоа...
Уличната уметност и шармантните мурали низ улиците на Брисел Сакам да ве прашам нешто. Дали сте љубители на улична уметност?  Сакам д...
7 ресторани во Врање кои може да ги посетите кога одите на еднодневна тура Ресторани на отворено со двор, ресторани со игралиште за деца, или со рустичен и...
Безброј светилки, многу тезги со храна и подароци: Брисел е волшебен во празничната сезона И оваа година, божиќниот маркет во Брисел е сместен во самото срце на градот, и ...
Места во Македонија кои ми недостигаат: Селото во кое израснав, манастирот кој ми носи мир Кога подолго време не живееш во родната земја често ќе се најдеш во ситуацијата ...
Локал близу IKEA во Солун со коктел бар, плажа и детско игралиште - за со друштво или со деца (фото)... На излезот од Солун, во близина на IKEA се наоѓа Ergon Agora, уникатен локал кој...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg