Омиленото швајцарско одморалиште на европската елита
Додека повеќето светски ѕвезди за одмор бираат веќе одамна популарни летувалишта како Ибица и Сен Тропе, неколкумина познавачи на врвниот луксуз и традиција, летото го користат за дишење чист воздух.
Château Gütsch e хотелот кој повеќе наликува на дворец во природните убавини на Швајцарија, достапен исклучиво за оние со длабок џеб.
Дворецот е изграден во далечната 1888 година и е ризница на антиквитетите и бројните уметнички дела.
Хотелот брои 27 соби и апартмани опремени со луксузен мебел и ткаенини.
Сите соби се различни и инспирирани од одреден уметнички правец. Посебно импресивен е апартманот на кралицата Викторија, кој во центарот на просторијата има раскошна када, а ѕидовите ги красат слики од швајцарски пејзажи од 19-от век.
Покрај беспрекорните соби и апартмани, овој хотел располага со голем ресторан и бар кој имаат пристап кон тераса од која се гледа прекрасната околина.
Хотелот има и импресивен вински подрум со одлична селекција на врвни вина од целиот свет.